Цената на трансферот на Роналдо, перверзија

Уште пред да ја дознае веста околу договорот помеѓу Реал Мадрид и Кристиано Роналдо за рекордниот трансфер од 94 милиони евра, претседателот на Барселона, Хуан Лапорта го искритикува однесувањето на ривалите од Мадрид кои пред неколку дена го обезбедија и потписот на Кака за 68 милиони евра.

 |  Крсте Голабовски  | 
Huan Laporta
Хуан Лапорта

Уште пред да ја дознае веста околу договорот помеѓу Реал Мадрид и Кристиано Роналдо за рекордниот трансфер од 94 милиони евра, претседателот на Барселона, Хуан Лапорта го искритикува однесувањето на ривалите од Мадрид кои пред неколку дена го обезбедија и потписот на Кака за 68 милиони евра.

Kristijano Ronaldo„Тој е добар играч, но цената која Реал ја плати е надвор од секаква реалност и го нарушува балансот на трансфер пазарот. Мислам дека ова не е добро за фудбалот. Со овој чекор се губи профитабилноста на екипата, затоа, се надевам дека идните трансфери ќе се случуваат со реални цени“.

Инаку, претседателот на Барселона ќе има тешка задача да им се спротивстави на неговите вечни ривали од Мадрид, иако прва цел летово им е напаѓачот на Интер, Златан Ибрахимовиќ. Лапорта изјави и дека сака да го обнови договорот со Камерунецот Самуел Ето, кој се споменуваше и како дел од трансферот на Ибрахимовиќ.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top