Челзи во минус над 80 милиони евра

На официјалниот сајт на фудбалскиот клуб Челзи биле објавени податоци во врска со финансиското работење на клубот за оваа сезона.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

На официјалниот сајт на фудбалскиот клуб Челзи биле објавени податоци во врска со финансиското работење на клубот за оваа сезона.
Од овие податоци станува јасно дека клубот на Роман Абрамович регистрирал намалување на загубите во однос на минатата година, но сепак тие и понатаму се рекордни и изнесуваат 83 милиони евра, од кои две третини се потрошени на обесштетување на тренерите Жозе Мурињо и Аврам Грант.

ChelseaВо соопштението се истакнува дека клубот успеал да ги намали расходите. Во споредба со сезоната 2007/08 кога Челзи регистрирал загуби повисоки за 12%. Во моментов загубите во клубот од Западен Лондон значително се намалуваат.

„Нема сомнеж дека се чувствува некоја нагорна линија во финансиското работење на клубот. Тоа покажува дека и покрај економската криза Челзи може и понатаму да биде добар партнер со спонзорите. Раководството постави амбициозна задача да бидеме финансиски независни уште 18 месеци, поточно до 30 јуни 2010.”, рече извршниот директор на Челзи , Питер Кенион.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top