• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Челзи и Барселона на чекор до полуфиналето во Лигата на шампионите

Челзи и Барселона на чекор до полуфиналето во Лигата на шампионите

По првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите одиграни синоќа фудбалерите на Челзи и Барселона се на чекор до пласман во полуфиналето по сигурните победи против Ливерпул, односно Баерн Минхен.

 |  Крсте Голабовски  | 
loggo
лого

По првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите одиграни синоќа фудбалерите на Челзи и Барселона се на чекор до пласман во полуфиналето по сигурните победи против Ливерпул, односно Баерн Минхен.

Челзи ги искористи грешките на одбраната на Ливерпул и на Енфилд славеше со 3:1 иако домаќините поведоа со голот на Торес во 6 минута. Играчот на натпреварот Ивановиќ,  пресвртот го навести во 39 минута со својот прв гол постигнат со глава по изведен корнер, а на идентичен начин мрежата на Реина ја затресе и во 62. Триумфот на „сините„ од Лондон го потврди Дрогба во 67 минута.

логоНа Ноу Камп се беше завршено во првото полувреме кога Барселона постигна четири гола во мрежата на Баерн и го постави конечниот резултат 4:0. Стрелци на головите беа Меси кој постигна два гола (9 минута и 38 минута), и по еден постигнаа Ето (12 минута) и Анри (43 минута).

Реванш натпреварите се играат на 14 април (вторник) Челзи – Ливерпул и Баерн – Барселона, а следниот ден 15 април (среда) Порто – Манчестер Јунајтед (2:2) и Арсенал – Виљареал (1:1).

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top