Целта на Усаин Болт – 9,40 секунди на „стотка“!

Светскиот рекордер во најбрзите атлетиски дисциплини Усаин Болт најави дека се уште не знае до каде му се границите и верува дека може да истрча многу побрзо од актуелните 9,58 секунди на 100 метри, рекорд што го постави лани на Светското првенство во атлетика во Берлин.

 |  Маја Савиќ  | 
Usein Bolt
Усеин Болт

Usein Bolt
Светскиот рекордер во најбрзите атлетиски дисциплини Усаин Болт најави дека се уште не знае до каде му се границите и верува дека може да истрча многу побрзо од актуелните 9,58 секунди на 100 метри, рекорд што го постави лани на Светското првенство во атлетика во Берлин.

Молњата од Јамајка го остави светот да се восхитува на неговата леснотија на рушење на границите на можностите на човекот и на светските рекорди на 100 и 200 метри, како и во штафета на 4х100 метри. На СП во Берлин, Болт истрча фантастични 9,58 секунди на 100 метри и 19,19 на 200 метри, а е светски рекордер и со штафетата на Јамајка на 4х100 метри од пред 2 години на ЛОИ во Пекинг со резултат 37,10 секунди, кога првпат ги сруши рекордите на стотка и двесте метри.

– Не сум истрчал трка сосема рамно, без да се вртам да видам каде се конкурентите на патеката. Никогаш не сум се фокусирал само на целната рамнина, а дури кога тоа ќе го направам, ќе знам каде ми се границите. Очекувам да истрчам стотка за 9,40 и според мене тој резултат долго би бил рекорд што нема да може да се надмине. Сепак ни тоа не може да биде апсолутно точно. Никогаш не се знае до каде се човечките граници – вели Болт.

Годинава нема големи настани во атлетиката освен митинзите од дијамантската лига, а тој во мај во Острава ќе трча нестандардна должина 300 метри, акде ќе атакува на светскиот рекорд.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top