Бундеслигата пополека ја престигнува Серија А

Германската Бундеслига пополека но сигурно излегува пред италијанската Серија А, според коефициентите на УЕФА, па можно е од следната сезона од Германија да играат 4 екипи во Лигата на Шампионите.

 |  Маја Савиќ  | 
bundesliga
Бундеслига

CalcioГерманската Бундеслига пополека но сигурно излегува пред италијанската Серија А, според коефициентите на УЕФА, па можно е од следната сезона од Германија да играат 4 екипи во Лигата на Шампионите.

Досега, како што сите знаеме од Серија А учевстуваа 4 екипи во Лигата на Шампионите, од кои две екипи одеа директно, а две играа квалификации, а од Бундеслигата одеа три, две директно и една со квалификации.

Но сепак, тоа најверојатно ќе се промени. Колку екипи играат во европските купови се одредува според коефициентите на лигите од последните пет сезони.

Заради подобрата игра и подобриот пласман на германските тимови во послдените пет години во следната сезона Бундеслигата излегува на третото место на УЕФА, а италијанската паѓа на четвртото.

Оваа сезона од Германија играа 6 екипи во европските купови (Лига на Шампиони и Лига Европа), а во моментов се преостанати пет, бидејќи испадна само Херта од Лига Европа.

Од Италија пак играа 7 екипи, а во моментов се останати само 2: Интер во Лигата на Шампионите (игра 1/8 финале против Челзи) и тимот на Јувентус во Лига Европа.

Треба да се случи чудо или со други зборови италијанците да ги освојат еворпските купови за да си ја задржат својата позиција, што значи дека од следната сезона четири германски екипи ќе настапуваат во Лигата на Шампионите.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top