Поранешниот тимски шеф на Рено, Флавио Бриаторе, успеа да ја собори одлуката на Светскиот совет за моторспорт на ФИА, со која беше доживотно суспендиран од светот на моторспортот.
Поранешниот тимски шеф на Рено, Флавио Бриаторе, успеа да ја собори одлуката на Светскиот совет за моторспорт на ФИА, со која беше доживотно суспендиран од светот на моторспортот.
Трибуналот во Париз ја ревидираше одлуката на највисокото спортска тело на ФИА повикувајќи се на членот 28 од Статутот на ФИА, врз основа на кој била изречена казната. Сепак, нагласено е дека пресудата не е анулирана, туку само е прогласена за нерегулана.
Спорниот член е наменет за да се санкционираат носители на лиценци и членови на национални авто-мото сојузи, но кон трети лица не може да се преземаат мерки кои се еквивалент на санкции и тоа е спротивно од Статутот на ФИА, се појаснува во одлуката на судот. Исто така, одредбата на ФИА дека националните асоцијации не треба да соработуваат со казнетите, не е предвидена со највисокиот акт на организацијата.
Судот не пропуштил да нотира дека истрагата била донесена од Советот со кој претседавал Макс Мозли, за кој било познато дека има лоши односи со Бриаторе. Мозли ја лансирал истрагата што било прекршување на принципите за поделба на власта. Кон забелешките, адресирано е и прашањето на судењето, кое се базирало на изјава на анонимен сведок, за што Бриаторе и најмногу негодуваше, а судот нотирал дека без можност адвокатите да го испитаат, тој доказ станува многу слаб.
Со ова Бриаторе не е ослободен од одговорноста за скандалот во кој Нелсон Пике инсценирал излетување на трката за ГН Сингапур 2008, туку само ослободен од казната бидејќи таа била неправилни изречена. Адвокатот на ФИА најавил жалба и побарал до решавањето на истата Бриаторе да остане надвор од спортот, но од друга страна адвокатот на Бриаторе тврди дека со поништувањето на пресудата Флавио е слободен да се врати во каква било улога во светскиот моторспорт, вклучувајќи ја можноста да биде и натаму менаџер на повеќе возачи.
Сицилијанецот барал и отштета во висина од еден милион евра, но добил само 15.000. ФИА е должна да му ги исплати во рок од 15 дена, а за секој ден доцнење ќе добие казна од 10.000 евра. Паралелно со Бриаторе, ослободување од казната доби и Пет Сајмондс, директорот на инженерите во Рено, кој беше суспендиран на пет години, а и отштетата му е двојно помала од онаа на Флавио.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град