Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговиот нов тренер Борис Бекер и официјално ја започнаа соработката и за прв пат излегоа на терен.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговиот нов тренер Борис Бекер и официјално ја започнаа соработката и за прв пат излегоа на терен.
Бекер на еден од профилите на социјалните мрежи објави фотографија на која е на терен со Новак, неговите браќа и досегашниот тим.
Германецот стана прв тренер на српскиот тенисер пред само неколку дена, а веќе ги започнаа подготовките за првиот Грен слем оваа сезона во Австралија, кој започнува на 13. јануари.
Горд сум што Новак ме повика да бидам негов главен тренер и се радувам на идната соработка. Уверен сум дека ќе стигнеме до високи резултати и ќе направам се што е во моја моќ да му помогнам да стигне до што е можно поголем број на титули, рече 46-годишниот Бекер.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град