Борба на титаните

Сер Алекс Фергусон и Марк Хјус ќе се судрат во недела во дербито за Манчестер а веќе психолошката војна доживува колуминација.

 |  Крсте Голабовски  | 
Hughes i Ferguson
Хјуз и Фергусон

Сер Алекс Фергусон и Марк Хјус ќе се судрат во недела во дербито за Манчестер а веќе психолошката војна доживува колуминација.

Hughes i FergusonПо арогантните изјави на Фергусон дека Манчестер Сити никогаш нема да биде подобриот клуб во Манчестер додека е тој на чело на Јунајтед, Макр Хјуз му врати дека Јунајтед не може да биде ист без Кристијано Роналдо и Карлос Тевез

„Не можете да си дозволите да губите играчи од стандардот на Роналдо и Тевез а да не најдете соодветна замена за нив“, рече Хјуз. „Јас не мислам дека вие имате замена за нив“.

„Гледав многу натпревари од оваа сезона на Јунајтед и воопшто не мислам дека тие играат исто како и минатата сезона. Тие играа добро само минатиот викенд, претходно ништо немаат покажано“.

Во пресрет на најпосакуваното дерби во Манчестер годинава Фергусон на сугестијата дека можно е нивните многу богати комшии да завладеат во градот само одговори: „Не во мојот живот“.

Тој исто така со потсмев изјави дека дербито со Сити никогаш нема да го замени вистинското дерби со Ливерпул бидејќи тоа дерби е дерби на Историја а не на новокомпонирани клубови од богати сопственици.

Ферги исто така коментираше и за Тевез со оглед на тоа дека се поголеми се шансите тој да се најде во составот на Сити на неделното дерби, тој изјави „Не ме загрижува тој, нивниот најдобар играч е Адебајор а тој нема да игра“.

До каде ќе одат овие напади останува да видиме во текот на денешниов ден, дербито се игра утре на Олд Трафорд и ќе биде многу интересно да се види кој тим е подобар во Манчестер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top