Хуан Карлос Наваро уште еднаш покажа дека е легенда на шпанската, но и на светската кошарка.
Хуан Карлос Наваро уште еднаш покажа дека е легенда на шпанската, но и на светската кошарка. На натпреварот меѓу неговата Барселона и Сарагоса (73:50), ја постигна 1.000 тројка во шпанската лига.
Популарниот „Ла Бомба“ на кратко го прекина мечот од 8. коло кога ја оствари величенствената бројка, а целата сала стана на нозе да ја прослави.
Веднаш потоа Наваро ја постигна и 1.001 тројка.Скоро целата кариера ја мина во дресот на Барселона, чиј член е од 1997. година, а во сезоната 2007/08 се проба и во НБА лигата во екипата на Мемфис Гризлис.Со репрезентацијата на Шпанија има две европски титули, една светска титула и две сребрени медали од Олимписките игри.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град