Два дена откако имаше собраќајна несреќа, атлетичарот Усеин Болт најави дека за една недела ќе им се врати на тренинзите.
Два дена откако имаше собраќајна несреќа, атлетичарот Усеин Болт најави дека за една недела ќе им се врати на тренинзите
Јамајканецот Усеин Болт кој ги држи светските рекорди во трките на 100, на 200 метри и штафета четири пати по 100 метри, но кој е и трикратен олимписки шампион од игрите Пекин 2008, во средата имаше многу среќа. Иако излета од патот со својот автомобил, од полууништеното возило излезе само со мали повреди. Сега откако поминаа речиси два дена од тој настан, Болт вели дека размислува за една недела да му се врати на тренингот.
“Докторите се сигурни дека сум добар и си се одвива онака како што треба. Ми треба само една недела одмор и повторно ќе им се вратам на тренинзите. Се надевам дека ќе бидам во добра форма за во Манчестер.“
Првата трка оваа сезона Болт требаше да ја трча утре во Кингстон, Јамајка, а на 17 мај во Манчестер е предвиден промотивен настап со фудбалерот Кристијано Роналдо.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град