Блатер ќе го укинува офсајд правилото?

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер со претседателот на Интернационалната хокеарската федерација Леандро Негре ја дискутирал можноста да се укине офсајд правилото во еден фудбалски натпревар, пренесе фудбалскиот портал Гол.ком

 |  Маја Савиќ  | 
sudija
судија

sep blaterПретседателот на ФИФА, Сеп Блатер со претседателот на Интернационалната хокеарската федерација Леандро Негре ја дискутирал можноста да се укине офсајд правилото во еден фудбалски натпревар, пренесе фудбалскиот портал Гол.ком

Правилото на офсајд во хокејот беше укинато во 1998 година, и се смета дека тој потег го направил хокејот многу позабавен спорт за публиката, а постојат шпекулации дека се планира истото да го направи и ФИФА за фудбалот.

Негре откри дека Блатер неформално разговарал со него но не било ништо решено за тоа прашање.

„Ме прашуваше повеќе прашања за укинување на офсајд правилото во хокејот и колку тоа беше успешен потег во хокејот, но тој никогаш не го кажа своето мислење па би било тешко да кажам што ќе направи Блатер за ова прашање,“ изјави Негре.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top