Блејк предизвик за Надал во Пекинг

Првиот носител и втор најдобар светски тенисер во светот Рафаел Надал од Шпанија се пласираше во четвртифналето на турнирот во Пекинг со награден фонд од 6,6 милиони долари.

 |  Крсте Голабовски  | 
Blake i Nadal
Блејк и Надал

Првиот носител и втор најдобар светски тенисер во светот Рафаел Надал од Шпанија се пласираше во четвртифналето на турнирот во Пекинг со награден фонд од 6,6 милиони долари.

James BalkeПоранешниот светски рекет број еден го победи Џејмс Блејк од САД со 7:5, 6:7 и 6:3 за 143 минути. Со оваа победа шпанцот ја израмни серијата против Блејк на 3:3 победи. Првите два сета беа исклучително драматични но во третиот НАдал поведе со 5:3 и лесно го заврши натпреварот.

Шампионот од 2005 година, Рафаел Надал беше надвор од игра од средината на септември поради повреда на мускулот која ја заработи на Отвореното првенство на САД

Минатата година во Пекинг во текот на Август, Надал ја освои олимписката титула. Во следниот круг ривал на Надал ќе му биде Марат Сафин од Русија кој направи 12 аса и го победи Фернандо Гонзалес од Чиле со 2-0.

Во четвтфиналето се пласира и Иван Љубичиќ по победата над квалификантот Лукаш Кубот од Полска со 2-1 во сетови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top