Ќе се бира охридски спортист на годината

Кон крајот на месец јануари ќе се организирана свеченост на која ќе бидат прогласени најдобрите спортисти за 2014та.

 |  Голабовски Крсте  | 
velosipedisti
велосипедисти

kosarkariКон крајот на месец јануари ќе се организирана свеченост на која ќе бидат прогласени најдобрите спортисти за 2014та. Сите заинтересирани треба да ги поднесат своите апликации.

Ќе се избира најуспешен спортист на Охрид за 2014та година и тоа во следните категории:
1 Најуспешен спортист – поединечно,
2 Најуспешен млад спортист – подинечно, машки и женски,
3 Најперспективен млад спортист – поединечно, машки и женски,
4 Најуспешна спортска екипа,
5 Најуспешен спортски тренер,
6 Најуспешен спортски работник,

Признанија за животно дело, најмасовен клуб, фер плеј, спортски презентер и сл. Се повикуваат сите членови на Сојузот на спортови Охрид, сите спортски екипи кои делуваат на територијата на Охрид, сите спортски работници и поединци, сите спортски новинари и други заинтересирани.

strelciСпортските клубови кои не се членки на сојузот на спортови „Охрид“ при аплицирањето да поднесат пријава за членство. Оние спортски клубови кои не ќе достават комплетен извештај за своите активности во текот на 2014та година нема да бидат земени во предвид при разгледувањето на предлозите. Изборот на најдобрите ќе го изврши комисија, избрана од Управниот одбор на Сојузот на спортови Охрид. Таа ќе е составена од познати спортски активисти, спортски новинари и членови на Сојузот на спортови Охрид. Критериумите се строго пропишани согласно статутот на Сојузот на спортови Охрид. Апликантите треба да поседуваат решение од Централен регистер на РМ, да поседуваат решение од Агенцијата за млади и спорт на РМ, да достават диплома или признание од локално ниво, државно, балканско, европски и светско натпреварување, секој апликант треба да настапува за Охрид и да членува во охридски клуб.

Сите апликации да се поткрепат со извештај од спортскиот натпревар каде е постигнат успехот и извештај од федерацијата во која е зачленет клубот, со соодветни споредбени резултати на домашно, балканско, европско или светско ниво. Посебно ќе се ценат додатни прилози, како објави во штамани и електронски медиуми, известување од натпреварот на официјалната интернет страница на организаторот, извештаи и табели од официјални интернет страници на домашни, балкански, европски и светски федерациите или сојузи и сл. Во прилог да се достави кратка биографија. Апликациите на спортистите и клубовите треба да се достават најдоцна до 10.01 2015та. Контакт: на електронската адреса, во просториите на кајак кану клубот Стрмец- Охрид, во бараките на поранешен Гранит. Планиран термин за церемонијата на прогласување на најдобрите, е втората половина на месец јануари 2015 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top