Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација, Славен Билиќ, следната сезона ќе го предводи турскиот Бешикташ.
Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација, Славен Билиќ, следната сезона ќе го предводи турскиот Бешикташ.
Турските медиуми јавуваат дека Билиќ со Бешикташ потпишал двегодишен договор и дека ќе заработува околу два милиони евра годишно.
Клубот од Истанбул до пред неколку дена преговараше со Роберт Просинечки, но управата на Кајзери одби да го пушти.
Бешикташ сезоната ја заврши на третото место, зад најголемите конкуренти Галатасарај и Фенербахче и ќе игра во Лига Европа.
Билиќ беше опција за клупата на Бешикташ и минатата сезона, но тогаш тој се одлучи за Локомотив од Москва.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град