Без велосипедизам на Олимписките игри?

Потпретседателот на Меѓународниот олимписки комитет, германецот Томас Бах изјави дека велосипедизмот треба да биде исклучен од Олимписките игри, поради серијата на допинг случаи во овој спорт.

 |  Крсте Голабовски  | 
velosipedisti

„Крајно време е да се запрашаме дали и понатака велосипедизмот треба да остане како олимписки спорт“, изјави Бах, недвосмислено ставајќи на знаење дека на велосипедизмот не му е повеќе местото на Олимписките игри.

lens ArmstrongПозитивните допинг тестови на италијанскиот велосипедист Леонардо Пијерполи и германскиот велосипедист, Штефан Шумахер кои на „Тур Де Франс“ победија во 10-та, односно 4-та и 20-та етапа, беа повод за ваква реакција на потпретседателот на МОК.

„Ова навистина стана драматично и уште еднаш потврдува дека во велосипедизмот нема спортски морал“, истакна Бах.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top