Најпопуларниот фудбалер во моментов, Дејвид Бекам може да не настапи на Светското првенство во Јужна Африка.
Иако тој нема гаранција за место во составот на Фабио Капело, вчеравечер фудбалерот на Милан најверојатно ја скинал ахиловата тетива и сериозно си го загрози настапот на Мундијалот.
Бекам се повреди без дуел во самиот финиш од мечот, и првите претпоставки беа дека се работи за истегнување на задната ложа, но подоцна „Скај Италија“ објави дека се работи за друга повреда.
Според клупските лекари, Бекам веќе денеска ќе замине во Финска на операција по што ќе биде познато колку ќе паузира и дали навреме ќе може да закрепне за настап на СП, или пак ќе го пропушти ова натпреварување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град