Бекам: „Едвај чекам да заиграм во Милан“

Капитенот на Лос Анџелес Галакси,  Дејвид Бекам порача дека едвај чека да започне со својата двомесечна авантура во дресот на Милан, за која верува дека ќе има позитивни ефекти врз неговата кариера.

 |  Крсте Голабвоски  | 
David Beckam
David Beckam

Капитенот на Лос Анџелес Галакси,  Дејвид Бекам порача дека едвај чека да започне со својата двомесечна авантура во дресот на Милан, за која верува дека ќе има позитивни ефекти врз неговата кариера.

Бекам, во јануари ќе биде засилувањето на милан, а бидејќи сеуште е обврзан со договорот со американскиот тим пропадна можноста да остане со росоњетрите до на лето.

David Beckam„Не можам да дочекам да почнам да играм во Милан.Навистина доаѓам на крајот од годината, а ќе останам само до февруари. Мислам дека само европскиот фудбал може да ме врати на вистинското ниво, а Милан е вистинското место за такво нешто.“ изјави бекам преку својот портпарол Сајмон Оливиери.

После двомесечната авантура во Милан, бекам ќес е врати во МЛС лигата која започнува на почетокот на април. Воопшто не треба да се споменува дека вистинската манија веќе ја зафати италија, а првите извештаи зборуваат дека за два месеци бекам ќе инкасира 15 милиони евра благодарение на популарниот Бекс.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top