По само една трка во која му го препушти врвот на Ред бул во Кина, тимот на Браун и неговиот возач Џенсон Батон ја вратија надмоќта во Светскиот шампионат во Формула 1 со триумфот во трката за Големата награда на Бахреин, трет за нив сезонава.
По само една трка во која му го препушти врвот на Ред бул во Кина, тимот на Браун и неговиот возач Џенсон Батон ја вратија надмоќта во Светскиот шампионат во Формула 1 со триумфот во трката за Големата награда на Бахреин, трет за нив сезонава.
Успехот на 29-годишниот Британец на патеката „Шахир“ во Манама ја уништи надежта на Тојота дека ќе ја оствари својата прва победа воопшто откако ја почна трката со двата свои болида на челните позиции, првпат откога јапонскиот производител на автомобили се натпреварува во овој спорт. Германецот Себастијан Фетел од Ред бул го освои второто место, а мала утеха на неутешната Тојота и’ донесе Италијанецот Јарно Трули со комплетирањето на подиумот, иако стартуваше од пол-позицијата.
„Малку сум разочаран бидејќи ја очекував првата победа за Тојота“, изјави Трули по трката. „Одиме на победа во следната трка“.
Батон, кому ова му е четврта победа во кариерата, сега има 31 поен, втор е неговиот тимски колега Рубенс Барикело од Бразил со 19, еден повеќе од Фетел.
Конструкторскиот првак Ферари конечно ги прокнижи своите први бодови сезонава благодарејќи на шестото место на светскиот шампион од 2007 година, Финецот Кими Раиконен, кој на италијанскиот тим му ги донесе сите три поена од оваа трка во која актуелниот вицешампион Фелипе Маса заврши на 14. место. Првакот Луис Хамилтон од Мекларен, пак, чијшто тим го очекува тешка казна на сослушувањето в среда во Париз за мамењето на стјуардите на првата трка сезонава во Австралија, го освои четвртото место по агресивниот старт.
Вториот возач на Браун, Бразилецот Рубенс Барикело, финишира петти, односно веднаш пред Раиконен. Поени освоија уште Германецот Тимо Глок од Тојота, кој се пласира на седмото место, и двократниот светски првак Фернандо Алонсо од Рено, кој заврши осми во жешкото попладне со температура на воздухот од 35 Целзиусови степени.
Глок, кој во почетокот имаше полесен болид од својот тимски колега поради помалото количество гориво во резервоарот, беше најбрз на стартот и водеше во првите десет круга пред да влезе во боксот и да му го препушти првото место на Трули. Батон првпат премина во водство во 13. круг, препуштајќи им го накратко на Фетел и потоа на Раиконен кога ги посетуваше своите механичари, но имаше целосна контрола во последната третина од трката.
„Се враќаме во Европа со многу добра залиха на поени. Одиме да го повториме ова и во Барселона“, изјави Батон, кој тргна од четвртата стартна позиција. Шпанското гран-при е следно во календарот, а ќе се одржи на 10 мај.
БМВ Заубер, кој се надеваше дека ќе се бори за титулата сезонава, имаше катастрофално попладне на патеката на која минатата година ја освои својата прва пол-позиција благодарејќи на Полјакот Роберт Кубица. И двата болида на овој тим заостануваа цел круг уште на половина од трката, при што Кубица го освои 18. место, а Германецот Ник Хајдфелд последен помина низ целта. Јапонецот Казуки Накаџима од Вилијамс беше единствениот што не ја заврши четвртата трка од сезоната 2009.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град