„Australian open“ мака мачи со горештините

Екстремно високите температури кои достигнуваат преку 40 степени им создаваат многу проблеми на сите учесници во Грен слемот „Австралија Опен“.

 |  Голабовски Крсте  | 
australia open
австралија опен

Екстремно високите температури кои достигнуваат преку 40 степени им создаваат многу проблеми на сите учесници во Грен слемот „Австралија Опен“.

australia openДенеска на вториот натпреварувачки ден во Мелбурн беа измерени 42 степени, а ваквото време предизвика низ откажувања од тенисерите, како и онесвестување на неколку гледачи кои на трибините присуствуваа без заштита од силните сончеви зраци.
На еден меч се случи да му се слоши на еден „собирач“ на топчињата.

Во сите случаи неопходна беше интервенција од страна на медицинските екипи присутни на терените во Мелбурн.
Најкористен метод е „ледениот третман“ по кој дел од тенисерите успеаја да ги довршат мечевите, додека други ги предадоа.

Метеоролозите прогнозираат ваквото време да потрае до четврток за кога се најавува уште повисока температура. Заладување и пад на температурите за повеќе од 15 степени се очекува од сабота.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top