Рускиот интеранционалец од Зенит, Андреј Аршавин, конечно потпиша за Арсенал, на минута до крајот на зимскиот трансфер период.
Рускиот интеранционалец од Зенит, Андреј Аршавин, конечно потпиша за Арсенал, на минута до крајот на зимскиот трансфер период.
27 годишниот плејмејкер од актуелниот шампион во УЕФА Купот конечно и донесе крај на „бескрајната“ сага, потпишувајќи договор вреден 70,000 фунти неделно до 2012 година.
Рекордниот трансфер за Арсенал ќе биде официјално потврден денеска од Премиер лигата, иако имаше премногу недоразбирања помеѓу двете екипи.
Сепак, порпаролот на Зенит изјави дека е веќе се готово, потпишан е тригодишен договор и сите финансиски детали се средени.
Аршавин бил толку очаен да потпише за Арсенал, изнајмувајќи приватен авион долетал во Лондон во неделата вечер, уште пред да се договорат двата клуба за отштетата.
И за негова среќа завршил одлична работа, бидејќи поголемиот дел од Европа, како и Англија е под силно снежно невреме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град