Апсења во полскиот фудбал поради корупција

Полската полиција уапси елитен фудбалски судија, како и еден помошник судија, во рамки на истрагата за корупција во локалниот фудбал.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Полската полиција уапси елитен фудбалски судија, како и еден помошник судија, во рамки на истрагата за корупција во локалниот фудбал.

стадионДвајцата судии се приведени од полицијата во североисточниот град Сувалки.

Тие ќе бидат испрашани од Обвинителството во Вроцлав и најверојатно против нив ќе бидат подигнати обвиненија, соопшти портпсролот на антикорупцискиот оддел Темистоклес Бродовски.

Истрагата за корупција во полскиот фудбал започна во 2005 година.

Досега за местење на натпревари и резултати се обвинети 230 лица, меѓу кои има членови на полската федерација, тренери, судии и фудбалери.

Претходно годинава, судот во Врацлав изрече казни затвор од 4 до 17 години на 17 официјални лица и судии заради вмешаност во најголемиот скандал во полскиот фудбал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top