Поразот од Холандија на ЕП беше последен и за Игор Ангеловски, по пет и пол години на селекторската функција.
Популарниот Мрме на социјалните мрежи го потврди своето заминување по истекот на актуелниот договор на 31 јули и најави дека е време за нови предизвици.
– Мојата соработка заврши со федерацијата, им се заблагодарувам на сите за соработката. Мислам дека по ЕУРО кога ќе се намалат емоциите, ќе дадам генерална оценка, беше огромно задоволство да се води Македонија на ЕУРО.–изјави Ангеловски.
Ангеловски ќе остане запаметен како селектор со најдолг стаж на клупата и најдобар по успешност со вкупно 52 натпревари, од кои 23 победи, 11 нерешени и 18 порази.
Негов наследник на клупата најверојатно ќе биде Благоја Милевски, моменталниот селектор на младата репрезентација и творецот на „златната генерација“ која пред четири години за прв пат настапи на еден континентален собир.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град