Карло Анчелоти стана нов стратег на клубот од Стемфорд Бриџ само еден ден откако се раздели од својот Милан во кој беше од 2001-та година.
Карло Анчелоти стана нов стратег на клубот од Стемфорд Бриџ само еден ден откако се раздели од својот Милан во кој беше од 2001-та година.
Во неделата попладне со Милан ја победи Фиорентина, во понеделник наутро веќе стана тренер на челси. Така изгледа животот и кариерата на карло Анчелоти кој од еден гигант се пресели во друг. И не му е до одмор и покрај тоа што во Милан работеше осум сезони во низа.
„Клупата на Челси на 1-ви јули ќе ја превземе 49-годишниот Карло Анчелоти. Тој ќе потпише тригодишен договор“, беше објавено од лондонскиот клуб.
Челните луѓе на Челси сакаа да го задржат Гус Хидинг, но Холанѓанецот остана цврст. И поради тоа како најсериозна опција веќе со месеци фигурираше токму Анчелоти.
„Карло беше идеален кандидат. Низ својата долгогодишна работа тој докажа дека е способен да изгради екипа која може да освојува трофеи и која може да биде успешна како на меѓународен така и на домашен план“, стои во соопштението на Челси.
Анчелоти тренерската кариера ја започна во Реџина, а ја продолжи во Парма, Јувентус и Милан. Ангажманот во Челси ќе му биде прв надвор од границите на Италија и како играч и како тренер.
„Се радуваме на неговото доаѓање, сигурни сме дека сите во клубот ќе го дочекаат со раширени раце“, беше додадено во соопштението.
Новиот тренер на Челси наводно веќе потпишал согласност за заминување на Калу, Деко и Малуда, а планирани се нови засилувања. Јури Жирков е веќе сигурен, а следни големи желби се Давид Вила и Франк Рибери. Прашање е колку кеш е расположен да извади Роман.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град