Основачите на американската екипа УСФ 1 ги открија нивните планови со кои следната година ќе влезат во трките на Формула 1 но не соопштија како екипата ќе биде финансирана.
Основачите на американската екипа УСФ 1 ги открија нивните планови со кои следната година ќе влезат во трките на Формула 1 но не соопштија како екипата ќе биде финансирана.
„Секогаш сме сакале да имаме наша екипа во Формула 1“ изјави Питер Виндсор новинар и менаџер на Вилијамс кој во екипата на УСФ 1 ќе ја врши функцијата спортски директор.
Неговиот партнер Кен Андерсон, инжењер кој досега работел во Формула 1 и Инди Кар вели дека нивниот план е возилото да се дизајнира и произведува во САД и дека екипата на пилоти ќе ја сочинуваат само американски возачи.
Според нив американската екипа УСФ 1 во официјалните трки ќе се приклучи идната година. САД има добра историја во Формула 1 со двајца светски шампиони Фил Хил и Марио Андрети, но моментално ниту еден пилот не вози болид во Формула 1.
Северна Америка остана без трки откако пистите за гоелмата награда на САД и Канада беа извадени од календарот на трките на Формула 1.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град