Алкаеда против Манчестер

Групата „Ал Каеда Индонезија“ ја презеде одговорноста за нападите во хотел во Индонезија, додавајќи дека главна цел им била фудбалската екипа на Манчестер Јунајтед.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Групата „Ал Каеда Индонезија“ ја презеде одговорноста за нападите во хотел во Индонезија, додавајќи дека главна цел им била фудбалската екипа на Манчестер Јунајтед.

logoАнглискиот тим требаше да игра со репрезентацијата на Индонезија, но пред да заминат за Џакарта, неколку бомби експлодираа во хотелот во кој што требаше да бидат сместени.

„Црвените ѓаволи“ го променија планот и не отпатуваа во Индонезија, и покрај поканата на Владата.

Групата, која е локална воена група и е фракција на Ал Каеда, на интернет страна соопшти дека „нападите биле предупредување пред пристигнувањето на Манчестер Јунајтед“.

„Тие фудбалери се христијани, така што муслиманите да ги почитуваат и сакаат тие непријатели на Алах“, се вели во соопштението.

Соопштението се појави во средата и е потпишано од Нордин Мохамед Топ, главен терорист во Јужна Азија и еден од најбараните луѓе на континентот.

Во нападите во хотелот во Џакарта загинаа неколку луѓе, а 50 беа тешко ранети.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top