Adidas си ја брани топката

Компанијата која ја создаде официјалната топка за светското првенство во ЈАР – Адидас одговори на критиките за својот продукт испратени од попознатите голмани.

 |  Маја Савиќ  | 
topka
топка

Компанијата која ја создаде официјалната топка за светското првенство во ЈАР – Адидас одговори на критиките за својот продукт испратени од попознатите голмани.
Големите имиња како голманот на скуадра Азура, Џиџи Буфон, голманот на Интер, Жулио Цезар, Шпанскиот голман Икер Касиљас  па дури и напаѓачот на Италијаните, Џанпаоло Пацини ја критикуваа топката.

topka Adidas

Гласноговорникот од компанијата која ја создаде Џабулани, Томас ван Шајк изјави дека е изненаден од критиките кои ги упатија топ голманите, бидејќи топката била испробана неколку месеци наназад без никаква рекламација.

Ван Шајк кажа дека играчите кои се подготвуваа за Мундиалот тренирале со овој модел уште од декември минатата година и досега сите коментари поврзани со топката биле во најдобар ред.

Прашан зошто топката се движи различно на различна надморска височина, Ван Шајк кажа дека таа особни ја имаат сите топки и дека тоа зависи од височината.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top