• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Абрамович ќе инвестира 100 милиони фунти; половина од парите наменети за Торес

Абрамович ќе инвестира 100 милиони фунти; половина од парите наменети за Торес

Според медиумите од Англија, Роман Абрамович е подговен да инвестира 100 милиони фунти за засилувања на тимот а примарна цел е ангажман на Фернандо Торес.

 |  Маја Савиќ  | 
Abramovic
Абрамович

Fernando ToressРоман Абрамович воопшто не е среќен по елиминацијата од Лигата на Шампоните уште во осмина-финалето но Рускиот милијардер има доверба во Карло Анчелоти и ќе го поддржи стратегот со инвестирање на околу 100 милиони фунти за ангажман на нови мега ѕвезди по крајот на сезоната.

Медиумите од Островото велат дека Анчелоти се надева дека ќе може да ангажира барам две големи имиња од кои Фернандо Торес е на врвот од листата желби а на второто место е Кун Агуеро од Атлетико Мадрид.

Извештаите говорат дека Анчелоти посакува ’напад од соништата’ кои би го сочинувале Дидиер Дрогба и Фернандо Торес и е подготвен за услугите на напаѓачот на Ливерпул да одвои 50 милиони фунти.

Ливерпул во моментов не размислува за продажба на Торес но по крајот на сезоната работите можат да се променат доколку Црвените не изборат место кое ќе им донесе настап во Лигата на Шампионите.

Клубот од Енфилд исто така се соочува со финансиски потешкотии и без настап во најелитното Европско натпреварување можеби ќе се решат за продажба на шпанскиот интернационалец.

Манчестер Сити исто така е подговен да одвои мало богатство за ангажман на Торес, но доколку ’Граѓаните’ следната сезона не играат во Лигата на Шампионите, Челзи ќе биде главниот фаворит за ангажман на Торес.

На листата желби на Челзи исто така се наоѓа и Бастијан Швајнштајгер од Баерн Минхен и Маикон од Интер, а на Стемфорд Бриџ се очекува да присигне и нов голман – младиот Серхио Асенхо од Атлетико Мадрид – кој ќе треба да врши притисок врс Петр Чех.

Покрај новите засисилувања по крајот на сезоната во Челзи ќе има и чистка и се очекува играчите како што се Хиларио, Паоло Фереира и Жулиано Балети да бидат продадени а договорот на Деко да биде раскинат.

Од Стемфорд Бриџ како слободен агент најверојатно ќе замине Џо Кол а доколку Анелка не го обнови договорот и Французинот ќе биде продаден.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top