Организаторите на Светското првенство во фудбал во 2010 година велат дека се подготвени да се соочат со сите предизвици кои им остануваат во последните 500 дена до почетокот на првенството.
Организаторите на Светското првенство во фудбал во 2010 година велат дека се подготвени да се соочат со сите предизвици кои им остануваат во последните 500 дена до почетокот на првенството.
Според Дени Џордан шефот на Извршниот комитет за подготовките работите сега се наоѓаат во најзначајната фаза.
“Ни преостануваат уште петстотини денови до почетокот на Светското првенство. Наредните 135 дена, а тоа првично е Купот на конфедерациите, а потоа извлекувањето и свеченото отворање за нас ќе бидат голем предизвик бидејќи преминуваме во оперативниот дел и примената на плановите.“
“Инфраструктурата е во ред така што треба да работиме околу тоа како да го оствариме Светскиот куп и тоа е примарна задача за Дани Џордан и за мене од денешниот ден, па сè до 14 јуни“ изјави Џером Валке, генерален секретар на ФИФА
Јужноафриканската Република ветува дека навремено ќе ја заврши изградбата на десетте стадиони, иако трошоците сега ќе бидат повисоки од планираните, поради поскапувањето на градежните материјали. Почетокот на Светското првенство е планирано за на 11 јуни догодина во Јоханезбург.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град