30 последователни победи на Ролан Гарос

Бранителот на трофејот Рафаел Надал постави нов рекорд во 30 последователни победи на Ролан Гарос.

 |  Крсте Голaбовски  | 
Rafael Nаdal
Рафаел Надал

Бранителот на трофејот Рафаел Надал постави нов рекорд во 30 последователни победи на Ролан Гарос.

Тенисерот број еден го елиминира Русинот Теимураз Габашвили со 6-1, 6-4 и 6-2 за да го надмине рекордот на Крис Евантс кој имаше 29 победи по ред помеѓу 1974-81 година.

Rafael NadalНадал кој сака да ја продолжи петогодишната доминација во третото коло ќе игра со Лејтон Хјуит кој го победи Андреј Голубев со 6-4 6-3 и 6-1.

Во останатите дуели важно е да се напомене дека Сафин е елиминиран од понатамошните натпревари од Французинот, Јоселин Оуна, кој на турнирот влезе со вајлд карт.

Русинот загуби со 7-6, 7-6, 4-6, 3-6 а во последниот сет резултатот беше 10-8.

Вердаско го декласира Филип Патцингер со 3-0 во сетови (6-1, 6-2, 6-3) и во третото коло ќе игра со Николас Алмагро кој пак го порази Ернест Гулбиш со 3-1 по сетови (6-7, 7-6, 6-3, 6-2)

Во третото коло ќе го гледаме и Гилес Симон кој со максимални 3-0 по сетови (7-5, 6-0 и 6-1) го порази Роберт Кендрик.

Понатаму продолжуваат и Фернандо Гонзалес, Мартин Цилиќ, Станислав Варвинка како и Давид Ферер кој со 3-1 славеше над Французинот Арнауд Клемент.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top