Од 2010 година две натпреварувања во Формула 1

Осум екипи, членки на здружението на тимови од Формула 1  (ФОТА) од следната сезона ќе ја напуштат Формула 1 и ќе формираат сопствено првенство.

 |  Крсте Голабовски  | 
kaciga
кацига

Осум екипи, членки на здружението на тимови од Формула 1  (ФОТА) од следната сезона ќе ја напуштат Формула 1 и ќе формираат сопствено првенство.

 

Конечната одлука за преземање на ваков чекор ФОТА ја донесе денеска, по состанокот со челните луѓе на Меѓународната автомобилска асоцијација (ФИА) и претседателот за комерцијалните права за натпреварите Берни Екелстон.

bolid– Стана јасно дека повеќе не можеме да правиме компромиси околу фундаменталните вредности на овој спорт и затоа одбивме да се пријавиме за трките во Формула 1 следната сезона. Не ни преостанува ништо друго освен да формираме сопствено натпреварување. Тоа натпреварување ќе има транспарентна управа, со свои правила и ќе поттикнува приклучување на нови екипи, а ќе ги слуша и желбите на навивачите, се вели во денешното соопштението на ФОТА.

Во моментов членки на новото здружение ФОТА се: Ферари, МекЛарен Мерцедес, Браун ЏП, БМВ-Заубер, Тојота, Ред Бул, Торо Росо и Рено.
Последниот рок за пријави за следната сезона во Формула 1 истекува вечерва. ФИА за новата сезона во Ф1 трките предвиде 13 екипи односно 26 болиди. До сега учество најавија Форца Индија и Вилијамс од годинашниве, како и новите екипи Кампос, Менор и УС Ф1.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top