• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Од понеделник започнуваат тренинизте во школата за пливање „Охридски бранови 2008“

Од понеделник започнуваат тренинизте во школата за пливање „Охридски бранови 2008“

Тренинзите ќе се одржуваат на двата отворени базени во спортско рекреативниот центар „Биљанини извори“. Во тајните на вештините на пливањето на дечињата ќе  ги воведуваат тројца тренери, а се работи по сите светски пропишани стандарди.

 |   | 

Тајните на пливањето никогаш не биле поблиску. Од стартот на наредната недела започнуваат тренинзите во школата за пливање „Охридски бранови 2008“, која функционира во рамките на истоимениот спортски клуб. Тренинзите ќе се одржуваат на отворените два базени во спортско рекреативниот центар „Биљанини извори“ во преиодот од 10:30 – 12:30. Инаку сеуште траат и уписите кои се спроведуваат секој работен ден од 09-12 часот и ќе траат напоредно.

„Двата базени ги користиме имаме дечиња во три групи, првата група се најмалите, од 5г возраст, поченици, втората група се понапредните деца и третитатра група се најголемите кои како и минатата година така и оваа ќе влегуваат во големиот базен. Работиме, по сите светски стандарди, јас професорката Ирина Стојанска и Проф. Ристе Јанкоски, како што кажавте работиме по сите стандарди и групите ги оформуваме максимум по дваесет деца. Се разбира се работи со деца, тоа е специфична работа“ вели Проф. Катерина Стојаноска – тренер „Охридски бранови 2008.

Секоја години постои интерес за изучување на овој спорт и од страна на повозрасни лица, па доколку и годинава се пријават доволен број на лица ќе биде формирана група. Од пливачкот клуб изразија голема благодарност до локалната самоуправа за помошта која им била пружена. И годинава организатори на малиот илинденски маратон се од ПК „Охридски бранови 2008“. Вообичаено патеката останува иста, ќе се плива на патеката Горица – Охрид во должина од 2, 5 км со старт од кај поранешниот хотел „Парк“, до градското пристаниште во Охрид.

„Се спремаме како и секоја година, овја година по 37-ми пат ќе се одржува традиционалниот илинденски маратон и во тек се подготовките“ објаснува Проф. Катерина Стојаноска – тренер „Охридски бранови 2008.

За тоа колкава е традицијата на маратонското пливање во Охрид зборува и оваа фотографија од далечната 62 ра година од учесниците на првиот пливачки маратон од Горица, на која се Никола Чипан,, Таки Каневче, Милчо Бале, Борис Бабаче, Славе Филев, Димче Каро, Леко Радич, Нико Нестор, Томче Балабан И други.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top