За 18 месеци, 13 милиони евра

Според портулгаските медиуми, поранешниот менаџер на Челзи, Луис Фелипе Сколари за својот 18 месечен престој во Узбекистан ќе заработи извонредни 13 милиони евра.

 |  Крсте Голабовски  | 
Luis Felipe Skolari
Луис Фелипе Сколари

Според портулгаските медиуми, поранешниот менаџер на Челзи, Луис Фелипе Сколари за својот 18 месечен престој во Узбекистан ќе заработи извонредни 13 милиони евра

Luis Felipe SkolariПортугалскиот весник Econimico објави дека Луис Фелипе Сколари ставил потпис на 18 месечен договор со клубот од Узбекистан, Бунјодкор според кој ќе заработи 13 милиони евра.
Богатиот договор на поранешниот селектор на Бразил и Португалија, сега тренер на Бунјодкор за малку ќе ги надминеше 11 милиони кој ги добива Жозе Мурињо за една година (12 месеци) во Интер.
Стратегот на Нероаѕурите и понатаму останува најскапо платен менаџер со месечна плата од околу 916 000 евра во споредба со онаа на Луис Фелипе Сколари кој од Бунјодкор месечно на својата сметка ќе добива околу 722 000 евра.
И покрај огромната заработка, Сколари вели дека главната причина поради која ја прифатил работата не се парите туку можноста да помогне во унапредувањето на фудбалот во Узбекистан.

“Дојдов бидејќи сакав да помогнам во унапредувањето на фудбалот во Узбекистан.” – рече Сколари.

“Исто така верувам во овој проект.”

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top