Доколку може да се верува на пишувањата на шпанските медиуми, Реал Мадрид ќе одвои речиси цело богатство за ангажман на Велашанецот Герет Бејл од Тотенхем.
За левото крило на премиерлигашот, ’кралскиот’ клуб е подготевн на лондонскиот клуб да му исплати 100 милиони евра, барем така пишува весникот „АС“, повикувајќи се на блиски извори од Англија.
Покрај тоа, „извесно“ е дека во Реал ќе пристигне и Уругваецот Луис Суарез од Ливерпул, за 45 милиони евра.
Доколку ваквите гласини се реализираат, офанзивниот квартет на Реал Мадрид Бејл-Суарез-Роналдо-Бензема ќе биде најскапиот квартет на светот, поради тоа што нивната финансиска вредност изнесува повеќе од четврт милијарда евра, или поточно 277 милиони евра!
Со оглед на тоа дека Бразилецот Нејмар ќе игра во Барселона, заедно со официјално најдобриот играч на светот, Лионел Меси, ’кралевите’ се спремни што побрзо да одговорат на овој трансфер.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град