Вистински почеток на сезоната

Ф-1 циркус, конечно, пристигна во Европа и многумина возачи ја гледаат утрешната трка за Големата награда на Шпанија како вистински почеток на сезоната. Тимовите добија три недели пауза од последната трка во Кина, но доцнеа со преместувањето во Европа, а со тоа и со надградувањето на своите болиди, поради вулканскиот облак кој го парализираше авиосообраќајот.

 |   | 
F1
Ф1

БolidФ-1 циркус, конечно, пристигна во Европа и многумина возачи ја гледаат утрешната трка за Големата награда на Шпанија како вистински почеток на сезоната. Тимовите добија три недели пауза од последната трка во Кина, но доцнеа со преместувањето во Европа, а со тоа и со надградувањето на своите болиди, поради вулканскиот облак кој го парализираше авиосообраќајот.
– Едвај го чекам враќањето во Европа. Имавме неколку возбудливи трки на други континенти, но мислам дека сите во Ф-1 сакаат да возат поблиску до дома, во срцето на овој спорт – вели актуелниот шампион и лидер во првенството Џенсон Батон.
И Себастијан Фетел, кој заостанува 15 бода за Батон, смета дека првата европска трка ќе биде вистинскиот тест за силата на тимовите.
– Вообичаено е возачите кои имаат добар настап во Барселона да продолжат така и во наредните трки. Прашањето е кој досега направил најголем исчекор, па Барселона ќе биде вистински показател – смета младиот Германец.
Патеката Каталуња не крие ниту една тајна за возачите бидејќи токму тука се вршат предсезонските тестирања. За првпат во црвено Ферари, за домашниот миленик Фернандо Алонсо, пред се, ќе се мавтаат сино-жолтите знамиња на Астурија, што случајно се совпаѓа со боите на неговиот претходен тим Рено.
– Очекувајте многу црвено на трибините, но знам дека мнозинството навивачи ќе носат сино, бидејќи многумина од нив доаѓаат од мојата Астурија. Свесен сум дека ваква привилегирана позиција немам на ниту една друга трка – вели Алонсо.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top