На меѓународната веслачка регата која се одржа во ТИТЕЛ, Република Србија, веслачите од В.К. „ЈУГ“ од Охрид постигнаа одлични резултати.
На меѓународната веслачка регата која се одржа во ТИТЕЛ, Република Србија, веслачите од В.К. „ЈУГ“ од Охрид постигнаа одлични резултати. Имено, тие во класата „скиф“ донесоа дома дури три медали.
Никола Сионов во дисциплината „скиф“ во кадетска конкуренција го освои првото место односно златниот медал.
Марко Пирузе во дисциплината „скиф“ го освои второто место односно сребрениот медал, додека Александра петреска во дисциплината „скиф“ за сениорки го освои третото место, односно бронзениот медал.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град