Ракометната академија „Металург“во Охрид ќе го организира својот 11-ти ракометен камп, со кој традиционално секоја година ги заокружува тренирањето, натпреварувањето во ракометната мини-лига.
Ракометната академија „Металург“во Охрид ќе го организира својот 11-ти ракометен камп, со кој традиционално секоја година ги заокружува тренирањето, натпреварувањето во ракометната мини-лига.
Околу 350 деца од школите во Скопје и Македонија, во текот на целото лето ќе тренираат на летниот камп во Охрид. Директор на академијата е Тони Ристески.
Тренинзите ќе бидат во две смени, од денес до 21 јуни и од 21 јуни до 27-ми јуни.
Тренинзите ќе се реализираат на спортските терени покрај брегот на езерото, а натпреварувачкиот дел ќе се одвива во спортската сала „Билјанини извори“ и во салата на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град