Премногу е убава за да биде вистинска, но сепак… постои, добредојдовте на Calivigny островот.Издишете длабоко и заборавете на негативностите што Ве опкружуваат. Би сакале да Ве мотивираме со дестинација која ги елиминира сите горчини на животот. Премногу е убава за да биде вистинска, но сепак… постои, а најдоброто од природата е само Ваше „ Добредојде“…Целиот остров е опкружен со преубавите тиркизни води на Карибите. Недопрените бели песочни плажи, бујните тропски градини и кристално чистата вода, ова место го прават едно од најбараните дестинации. Островот Calivigny е предвиден за мали и с…
Познатата поп-пејачка Бони Тајлер ќе ја претставува Британија на Евровизија, која ќе се одржува од 14 до 18 мај во Малме, Шведска. Почестена сум од понудата да ја претставувам мојата земја на Евровизија. Ветувам дека ќе дадам с` од себе за Британија – изјави 61-годишната пејачка, најпозната по хитот Total Eclipse of the Heart од 1983 година.Тајлер ќе настапи со песната Believe in Me, која ја напишаа американскиот текстописец Дезмон Чајлд и британските текстописци Лорен Kристи и Kристофер Брајд. Чајлд и претходно има соработувано со Тајлер, а автор е и на хитови за Рики Мартин, „Kис“ и „Бон …
Доколку спиете по помалку од 6 часа дневно, за само една недела ќе ги осетите негативните последици по вашето здравје, ќе ви опадне имунитетот, а ќе ви се зголеми желбата за внесување на јаглехидрати и поголем број калории.Следствено на тоа ќе ви се намали и моќта за концентрирање и памтење, а поради лишувањето од сон ќе се зголеми појавата на агресивни испади, негативно размислување и нервоза, велат заклучоците од спроведеното истражување на британскиот универзитет во Сари.Секој осми човек на планетава, спие по помалку од шест часа навечер, а лошиот сон влијае на повеќе од 700 различни ген…
Актерката Кери Фишер која ја толкуваше улогата на принцезата Леа во оригиналната трилогија „Star Wars“ ќе ја повтори оваа улога во претстојното филмско остварување на „Star Wars: Episode VII“.Во интервјуто за Palm Beach Illustrated кога била запрашана за тоа дали ќе се појави во најновиот филм, актерката одговорила потврдно. Еве како таа го гледа ликот денес:„Постара жена која се наоѓа во интергалактички дом за стари лица. Мислам дека Леа ќе биде иста како и претходно, можеби сега малку побавна и помалку желна за големи битки“,смета Фишер.„Star Wars: Episode VII“ во киносалите ќе се појави …
Пребројувањето кај германските навивачи неспорно покажува дека навивачите страдаат за време на напнатите фудбалски натпревари.Во анализата за истражувањето се споредува бројот на срцеви удари на ден во 2003-та, 2005-та и за време на Мундијалот во Германија во 2006-та. Скоро без исклучок (освен натпреварот за 3-то место), секој пат кога Германија настапила на Мундијалот, бројот на срцеви удари во најмала рака за два пати се зголемил.Ако просекот на срцеви удари пред Мундијалот се движел околу 20 на ден, на првиот натпревар на Германија (Германија – Коста Рика 4:2) имало над 40 срцеви удари. …
Сексот е подобар од лековите во лечењето на главоболката, тврдат германските научници, кои објаснуваат дека оваа активност предизвикува лачење на ендорфин.Тој е природен телесен аналгетик и делува и на централниот нервен систем, ја намалува или целосно ја елиминира болката Тимот на невролози од Универзитетот од Минстер открил дека сексуалната активност може да ја намали или отстрани некои од видовите мигрена.- Место да ја користиме мигрената како причина за одбивање на сексот, би било подобро да се препуштите на водењето љубов, која може да биде поефикасно средство против главоболката од а…
На 91 годишна возраст почина италијанскиот композитор Енио Мориконе. Најпознат по својата филмска музика, во 2007-ма година тој доби Оскар за животно дело поради “музиката која многу филмови ги има направено подносливи”.
Пред неколку дена тој поради фрактура на бутната коска бил пренесен во болница, каде синоќа починал, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
Пред 11 години, токму Мориконе со музичкиот спектакл “Беше еднаш во Македонија” под диригентската палка на светски познатиот композитор на филмска музика Енио Мориконе го отвори тогашното 49-то „Охридско лето”.
Италијанскиот…
Во британските медиуми главна тема е супер херојот Бетмен, кој се појави во полициска станица во Англија, предавајќи и на полицијата баран криминалец.Бетмен, или поточно 39-годишниот Стен Ворби, злосторникот на полицијата и го предал на 25-ти февруари и драматично исчезнал во ноќта. Идентитетот го открил на 4-ти март, откако станал интернет сензација.Човекот кој бил маскиран како Бетмен, објаснил дека бил пријател на осомничениот и дека пред да го предаде бил на фудбалски натпревар каде го носел костумот. Ворби се надева дека неговиот пријател конечно ќе се вразуми и дека нема пак да запаѓа…