Меѓу поголемите есенски празници што се празнуваат со домашни служби спаѓа и празникот на Светите врачи Кузман и Дамјан. Овој празник меѓу народот е познат како Свети Врачи или едноставно како Световрача.
Зборот врач и денес во некои словенски јазици (на пр. во рускиот јазик) значо лекар. Овие господови лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника на 1 јули (Свети врачи – летни) и на 1 ноември (според стариот календар). Наречени се бесребреници или безмитни затоа што бесплатно ги лекувале сиромашните болни, а среброто е поим за алчност. Среброљубец се вели за човек алчен за пари…
Како ви изгледа пракса и учество во најголемите експерименти во светот? Еве шанса за приклучување на тимот во ЦЕРН во Женева. Одење на предавања, посета на лаборатории, учество во дискусии и работилници со луѓе кои се лидери во нивните полиња. Накратко, ова е можност за лето како никаде на Земјата. За да се пријавите, треба да бидете државјанин од земја која не е член на ЦЕРН (меѓукои и Македонија), студент сте на додипломски студии (најмалку трета година) или сте на почеток на постдипломски студии и ќе останете регистрирани како студент за време на вашиот престој во ЦЕРН. Доколку планирате…
Ви претставуваме една интересна статистика. Што се случува за време на секоја секунда ширум светот и нашиот универзум? Па така, одека го читате овој текст:- се забележуваат 30 супернови во нашиот универзум;- 40 силни громови;- 11.500 Google пребарувања, 11.500 Facebook статуси, 2.8 милиони испратени меилови;- се остваруваат 50.000 долари бруто домашниот производ во Америка;- се сечат 34 дрвја во шумите;
– 2.840.000 литри вода паѓаат на Нијагарините водопади;- скоро 20.000 шишиња Coca Cola се продадени ширум светот;- луѓето трошат 3.000 долари на страните за возрасни;- четири бебиња се раѓаа…
Пред најмалку 15.000 години, започнал да се разгранува единствениот јазик на Земјата. Тој се разгранил во седум различни јазики и во следните 5.000 години, во уште илјадници. Тие јазици станале оние кои се зборуваат од страна на милијарди луѓе низ Европа и Азија. Седумте јазици се дел од „суперсемејството“ на евроазијските јазици, пренесува „Гардијан“. Долго дебатираната теорија за историјата на човековиот говор изгледа дека е конечно потврдена. Тешко е да се пронајдат оригиналните зборови бидејќи речиси половина од нив се заменети со комплетно различни зборови, и ваквите промени се случува…
Стручњаци од Универзитетот во Сасекс сметаат дека не би требало да се лутиме кога некој, по само неколку минути откако сме се запознале, и понатаму не ни го знае името. Научниците откриле дека, иако можеме да ѝ пристапиме на меморијата неколку часа откако ќе научиме нешто, таа не ни е достапна некое време.Иако не е целосно јасно зошто се случува тоа, истражувачите веруваат дека тоа е клучен процес во работата на мозокот за да се избегне преоптоварување со информации.Научниците од Универзитетот во Сасекс изјавиле дека секое попречување во текот на овие мемориски паузи може да го прекине про…
Неодамна излезе веста за човекот кој се решил да ја продава Месечината. Додека сите му се чудевме, тој заработувал.Моментално нема закони за продажби во вселената, па Денис Хоуп мудро го искористил моментот. Овој човек од Невада, САД, вели дека досега продал милиони хектари на Месечината. Неговата компанија, „Lunar embassy corp“ продава еден ар земја на Месечината за намалена цена од 19,99 долари, односно 16,99 фунти. Тој продава земја и на Марс, за малку поскапа цена. Хоуп тврди дека досега продал 7,5% од целокупната површина на Месечината. Законот, изгледа дека никако не може да го спречи…
Првата австралиска банкнота, издадена на 1 мај 1913-та година, се продава за 3.6 милиони долари. Банкнотата е со номинална вредност од 10 шилинзи (околу 1 долар денес.) и била подарок од австралискиот премиер Андреј Фишер за ќерката на британскиот генерал-гувернер на Австралија лорд Денман. 5-годишната Џудит Денман лично го напишала серискиот број – M000001.Во 1914-та година Лордот се враќа со семејството во Англија. Џудит починала таму во 1987-та година, а 12 години подоцна меѓу личните предметите е откриен пликот со вредната банкнота. Тогаш таа е вратена во Австралија и е продадена за 1 м…
Планината Хуаншан или Жолтата планина во Источна Кина е свето место за Кинезите уште од времето на династијата Кинг. Според легендата, кога првиот император на Кина Хуанде (Жолтиот император) остарел и решил да се откаже од престолот поради својот помлад наследник, тој тргнал на пат за да открие тајната на бесмртноста. По долго лутање стигнал до планината и восхитен од врвовите кои ги прободувале облаците, решил да остане тука. Според легендата императорот живеел во Хуаншан 120 години.Токму затоа кинеската компанијата „MAD architects“ планира да изгради уникатна населба за луѓе кои сакаат д…