Компанијата „Ербас“ почна со реализација на еден од најзначајните проекти во областа на авионскиот сообраќај. Оваа компанија патентираше модел на авион кој ќе патува со голема брзина. Патувањето од Европа до САД би можело да трае најмногу еден час. Колку за пример, сега летот од Лондон до Њујорк трае седум часа.Авионот ќе има турбоџет мотори, но и своевидни ракетни погони кои ќе му овозможат голема брзина.Патентот доби одобрение од надлежните служби на САД, четири години откако Ербас ја предаде документацијата.Се очекува новиот авион да патува со двојно поголема брзина од легендарниот „Конк…
Со новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата кој е во собраниска процедура како новитет се предвидува обврска за поставување на детско седиште за дете помало од пет години во патнички автомобил на задното седиште.Со новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата кој е во собраниска процедура како новитет се предвидува обврска за поставување на детско седиште за дете помало од пет години во патнички автомобил на задното седиште, како и превоз на дете до две години на предното седиште, под услов ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче …
Денес во Охрид ќе започне годинешната тридневна Илинденска едриличарска регата.Учесниците ќе се натпреваруваат во сите предвидени класи за овој спрот, а за најдобрите е обезбедена наградата Златна маска.Илинденската едриличарска регата е една од најмасовните спортски манифестации во Македонија.Манифестацијата е во организација на Едриличарски клуб Бофор, Едриличарска Федерација на Македонија и АМС, а годинава ќе се одржи 46-то издание.
Бензините се поевтини за еден денар, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар. Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика на вчерашната редовна седница.Според одлуката, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар.Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 53 денари, а екстра лесно масло за домаќинство за 41,50 денари.За 0,672 денари е намалена цената на мазутот М-1 НС од кој енергенс литар чини 25,691 денар.
Доказ за чистите води на Охридското езеро е оваа фотографија и необичниот гостин кого години го немавме видено, пеликанот.Иако пеликанот во голем дел од Европа се среќаваше, но огромното загадување на водата го натера овој вид птица можеби неповратно да исчезне од овој дел на светот. Во нашата земја до неодамна, пеликаните по бројност што ја имаа, се среќаваа не само на Преспанско Езеро, туку и по мочуриштата низ Република Македонија, како и на Охридското и Дојранското Езеро. За разлика од кадроглавиот пеликан, кој гнезди кај нас, обичниот пеликан е птица која во нашата земја доаѓаше напрол…
Астрономите открија планета за која што велат дека е „најблискиот близнак на Земјата“ кој е некогаш виден, но нејзините денови можеби се веќе избројани.Наречена е Кеплер-452б, и планетата е најмалиот откриен свет кој орбитира во погодна зона за живот на ѕвезда, пренесува DailyMail. Она што го прави овој свет извонреден е тоа дека орбитира околу своја ѕвезда на приближно исто растојание на кое Земјата орбитира околу Сонцето. Плус, нејзината матична ѕвезда се чини дека е слична на нашето Сонце. Впечаток на уметник на екстрасоларна планета Кеплер-452б, која НАСА вели дека е веројатно карпеста,…
По повод четвртиот роденден на Ротаракт Клубот од Охрид на 25.07.2015 година од 21 часот, во кафулето “Табана”, ќе се одржи хуманитарна забава. За музичкиот дел ќе биде задолжен нашиот сограѓанин, Петар Маркоски. Наредниот ден, со почеток во 09.00 часот , на тениските терени кај Билјанини Извори, ќе започнае тенискиот турнир. Настанот ќе се одржи под покровителство на компанијата “”Гумно”, од Охрид.
Од 22- ри до 26- ти јули на летната сцена од Центарот за култура „ Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи најновото издание на фестивалот „ДримОН“. Во рамки на неколкуте фестивалски вечери, присутните ќе имаат можност да проследат работилници, изложби, филмски проекции, концерти. Ќе се одржи и петдневен Саем на книги и базар на уметнички производи.Фестивалот е во организација на здружението „Иницијатива за независен културен активизам ИНКА Струга“. Како што велат организаторите, фестивалот е насочен кон оживување на креативната сфера на уметноста и културата во која лежи огромен потенција…