Сеп 10, 2015

Промоција на најновиот видео запис на Четкар, „Time Goes By“

Владимир Василески – Четкар наскоро ќе го промовира видео записот за песната „Time Goes By“, нумера која се наоѓа на неговиот втор студиски албум  „Heavenly“. Видео спотот е сниман на некои од најинтересните локации на Менхетен, Њујорк и како што кажа Четкар, станува збор за своевидна мини приказна за тоа колку се околу нас е приоменливо. Инаку видо записот е во режија на Боби Дојчиновски.Нумерата „Time Goes By“ е комплетно авторско дело на Четкар и е снимана со жива гудачка, дувачка и ритам секција во њујоршкото студио „Dubway Studios“.

Сеп 10, 2015

Mарш до вечниот дом на војводата Аргир Маринов-Маринче

Здружението на граѓани Св Василиј и советот на месната заедница од с.Куртаица по повод 112 годишнината (недела) 13.09.2015 год  од битката кај Рашанец организира посета-марш до вечниот дом на војводата Аргир Маринов-Маринче и неговите востаници, најголемиот настан во Охридско , – или во народот најпознат како втор „Мечкин Камен„ , каде 117 те оружани востаници (со примитивно оружје и недоволно муниција) воделе нерамна борба со околу  3000   турски аскер.Почеток на маршот е во 08:30 часот од средсело Куратица, 9:00 часот  ПАНИХИДА ВО ЦРКВАТА СВ НИКОЛА (селски гробишта)Околу 10:30 пауза кај м…

Сеп 8, 2015

Во Охрид наскоро првиот конгрес на професионални физиотерапевти

Конгресот ќе се одржи од 17-ти до 20-ти септември во Охрид и има за цел да ги приближи сферите на интерес на сите физиотерапевти од регионот и да овозможи меѓусебна размена на искуства.Конгресот е во организација на Здружението на професионални физиотерапевти на Македонијаи е со наслов „Физиотерапевтски предизвици во 21 век“.Инаку на овој прв настан од ваков вид во регионов, учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со новите достигнувања во рехабилитацијата, неврофизиотерапијата, хипорехабилитацијата и много други области.Исто така ќе се дискутира за рехабилитација кај децата, за неурофи…

Сеп 8, 2015

„Три во eдно“, на кино репертоарот во Охрид

Филмското остварување „Три во eдно“ на режисерот Коле Ангеловски, премиерно ќе биде прикажано во сабота на 12-ти септември со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.Кино проекциите на филмот ќе се одржат на 13-ти, 14-ти, 15-ти, 16-ти и 17-ти септември, со почеток во 20.00 часот, а влезниците чинат 100 денари.Станува збор за урнебесна комедија од три различни приказни на една иста тема: Љубов и Неверство.Сценарио и режија на Коле Ангеловски. Директор на Фотографија е Антонио Божиновски, а во филмот играат актерите: Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Андон Јовано…

Сеп 3, 2015

Започнува нов циклус на Children’s Story Hour

Во организација на Црвен крст Охрид a со поддршка на Мировен корпус Македонија, започнува нов есенски циклус од едукативната програма Children’s Story Hour – Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години.Волонтерите предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот Мировен корпус, во периодот од септември до декември 2015 година, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и животни вештини и пред се, користење на англиска литература за деца од Англиската библиотека на Црвениот крст Охрид, ќe го надградуваат изајакнуваат знаењетo на англискиот јазик и …

Сеп 3, 2015

Прв Кајакарско Веслачки Маратон „Струга – Охрид“

На предлог од двајца спортски ентузијасти од Струга и Охрид, Кајак – Кану Клубот „Дрим“од Струга заедно со Меѓународната организација на пловни спортски клубови „NSS“ на 19.09.2015 година во водите на Охридското езеро го организира Првиот Кајакарско Веслачки Маратон „Струга – Охрид“ во должина од 11 км.Стартот е предвиден  за 19 .09 .2015 год. од пристаништето пред Хотел Дрим Струга  во 8 часот а целта е во Охрид кај Црквата  Св.Јован Канео пред летна Бавча Канео.Право на учество имаат сите спортисти од Кајак – Кану и Веслачките Клубови во Македонија и странство и сите заинтересирани поедин…

Јун 1, 2021

Роналдо отвора хотел од 13 милиони евра во Мадрид

Мегапопуларниот Кристијано кога фудбалска Италија размислува дали ќе го напушти неговиот сегашен клуб Јувентус, целото внимание го вперил во Мадрид каде отвора супер луксузен хотел од 13 милиони евра.Во екот на подготовките за настап на ЕУРО 2020, Роналдо ги прави завршните работи за свеченото отворање на еден од најлуксузните хотели во Мадрид, новиот „Pestana CR7 Gran Via“. Отворањето е закажано за 7 јуни.-Конечно одбројуваме до нашето отворање.Забавен начин на уживање во погледот на Мадрид, спортскиот бар и најдобрата пица во градот. Резервирајте веднаш и бидете меѓу првите кои ќе го дожи…

Авг 31, 2015

Почина таткото на современиот филмски кошмар

  Мајсторот на хорор филмовите, почина на 76 годишна возраст, во неделата на 30-ти август.Вес Крејвен во последните три години боледуваше од тумор на мозокот, но и понатаму беше активен на професионален план и дел од голем број тв и филмски проекти.Меѓу останатите, режисерот ќе биде запамтен по филмовите за Фреди Кругер, меѓу кои имаше осум продолженија и заработка од 25 милиони долари. Добитник е на наградата за животно дело на фестивалот во Њујорк за хорор филмови и Академијата за научна фантастика и хорор филмови. Голем број познати личности се простија од Вес Крејвен преку социјалните…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top