Дек 14, 2015

Крводарителска акција на ФТУ-Охрид

Црвен крст Охрид го заокружува ангажманот во крводарителството за оваа година, со организирање на редовна крводарителска акција на Фкултетот за туризам и угостителство во Охрид која ќе се реализира на 15.12.2015 г. (вторник) од 10-14 ч. во ФТУ. Од Црвениот крст од Охрид ги покануваат студентите на двата факултети во Охрид, но и сите хумани охриѓани кои сакаат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот, да учествуваат на крводарителската акција.

Дек 11, 2015

Интернационално признание за сликарот Јордан Манасиески

Сликарот Јордан Манасијески добива уште едно високо интернационално признание со што ја става и Македонската, во врвот на современата светска уметност.Наградата се доделува во чест на јубилеот 500год. Од изработка на скулптурата “Мојсеј” од Микеланџело Буонароти. Се доделува на современи автори кои што оставаат значаен белег во светската уметност. Наградата ја доделува италијанската критика RUSSO, Efeeto Arte , и издавачката куќа Serradifalco. Евентот се одржа во Палата “Cardinal Cesi”, Vatican и беше поддржана од италијанските медиуми.

Дек 10, 2015

„Детектор за лаги“, уште еднаш пред охридската публика

Во недела 13-ти декември, во Центарот за култура „Григор Прличев“, повторно ќе биде поставена театарската претстава, „Детектор за лаги.„Детектор за лаги“ дело е работено по текст на Василиј Сигарев, додека режијата е на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.детектор за лаги За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.Станува збор за едноставна приказна за двајца сопружници кои имаат нарушени односи, а кои проблемите се обидуваат да ги решат со помош на психијатар – хипнот…

Дек 8, 2015

Oдлични борби на браќата Ангелески на „Фајт најт 1“

Викендов во Сплит, Хрватска, се одржа престижниот боречки настан во професионални борби „Фајт најт 1“на кој учесниците ги покажаа своите знаења во мешани боречки вештини и кик бокс. На настанот се претставија и двајца охриѓани, во делот на кик бокс програмата. Марјан Ангелески и Никола Ангелески од „Фајт клуб Мастер“ од Охрид во конкуренција од учесници од земји како Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Германија и Австрија, се претставија со борби по кои ќе бидат запаметени. Никола Анеглески, загуби од хрватот Лука Томиќ, додека, Марјан Ангелески, беше оштетен од контроверзната судска…

Дек 8, 2015

Груевски утре пред анкетната комисија

Груевски, Ставревски, Протуѓер, Мијалков, Јанкуловска и Јанакиевски по овој редослед треба да се појават пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Претседателот на Комисијата, Петре Шилегов, самиот го составил редоследот, откако никој од предложените сведоци не се одзвал на јавниот повик што тој им го упати пред четири ден, пренесува „Телма“.Шилегов потенцира дека се обидел да контактира и со пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Оттаму добил само усно известување дека премиерот Груевски има намера да сведочи на 14 декември, а министерот Ставревски, наредниот ден, но официјално и …

Дек 3, 2015

Судската администрација и вработените во управата излегуваат на штрајк

Со двочасовен предупредувачки прекин на работата ќе побараат итни измени во законот за судска служба. Протестот  започнува наутро, кога судските службеници ќе ги напуштат работните места и ќе излезат пред институциите. Синдикатот смета дека законот кој е на сила е недоречен, набрзина донесен и неприменлив на терен. Бараат намалување на високите казни, и измени во начинот на оценување на работата на службеникот.Здружението на судска администрација и синдикатот обвинуваат дека не само што не биле повикани во изготвувањето на постоечкиот закон, туку воопшто власта немала слух за нивните забеле…

Дек 2, 2015

ВМРО-ДПМНЕ ги напушти преговорите за медиумите

Претставниците на ВМРО ДПМНЕ попладнево, кусо време по почетокот на работниот состанок, го напуштиле Клубот на пратениците. Од тимот на посредникот Питер Ванхауте информираат дека причина за ваквиот потег било незадоволството на владејачката партија од неприфаќањето на нивните предлози за регулирање на медиумската сфера. Потенцираат дека прават напори за надминување на оваа ситуација и се надеваат дека утре разговорите ќе продолжат со предвидената динамика. Од ВМРО ДПМНЕ за сега не коментираат зошто се одлучиле на ваков чекор. Тие претходно денеска порачаа дека предлозите на Ванхауте за мед…

Дек 1, 2015

Дизелот поефтини, цената на бензините непроменета

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар, додека цената на бензините останува непроменета.Литар еуродизел ќе се продава по цена од 48,5 денали, додека додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит.За 1,5 денари поевтинува мазутот М-1 НС, со што новата цена изнесува 19,257 денари за еден килограм.Малопродажните цени на еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98 остануваат непроменети, односно и натаму ќе се прод…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top