Дек 28, 2015

Се прекројува законот за заштита од пушење

Со Законот за заштита од пушењето се уредува начинот на заштита од штетните влијанија на пушењето на тутун и други производи од тутун врз граѓаните, како и зачувување на животната средина, забрана на пушењето во јавни простории и забрана за рекламирање на цигарите.Според предлагачите на измените, со измените и дополнувањата на текстот на Законот од 2008 година наваму, воведувани се се построги правила на заштитата од пушењето кои, особено во делот на заштитата од пушењето во угостителските објекти, се преограничувачки и за вршителите на угостителската дејност и за корисниците на угостителск…

Дек 28, 2015

Извршителите прво ќе предупредуваат, потоа ќе наплаќаат

Со новиот закон за извршување, кој е во собраниска процедура, се предлага извршителот, задолжително, пред да блокира сметка, писмено да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот, пишува „Вест“. Должникот треба да го извести извршителот дали е вработен или не, каква е неговата имотна состојба, висината на приходите од плата и други надоместоци. Ако должникот не одговори на предупредувањето, тогаш сметката ќе му биде блокирана.Се воведува и вонсудска наплата на долгови за струја, вода, парно, за телефон, кабелски оператори или куќен совет.

Јун 3, 2021

„Идила“ ќе ве освои од прва: Каролина Гочева објави нова хит песна!

Карантинските денови поп ѕвездата Каролина Гочева ги искористи за создавање на нов материјал. Таа во изминатиот период заедно со нејзиниот тим работеше на песните од новиот албум.  Пред само неколку денови Каролина на нејзиниот инстаграм профил најави нова песна што беше едно пријатно изненадување за македонската јавност.  Вчера, на својот официјален јутјуб-канал, Каролина го објави видеото за песната „Идила“, а позитивните коментари од нејзината верна публика на социјалните мрежи се нижеа една по друга. – Веќе може да ја чуете „Идила“ заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски на мојот…

Дек 28, 2015

Охрид со нов театар во 2016-та?

На почетокот на 2016-та година, во месец јануари поточно, се очекува да се објави јавниот повик за идејно решение за изградба на театар во Охрид. Ова го истакна премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на нови дела од капиталните едиции „Антологија на светската поезија“, „Превод на антологија на македонската книжевност на шест странски јазици“ и „Македонски искушенија“.-Во текот на 2016 година ќе тече конкурсот за идејно решение, понатаму ќе има конкурс за проект и некаде крајот на 2016 ќе се направи тендер за изградба, за во 2017 да имаме театар во Охрид …

Дек 25, 2015

Филмскиот Фестивал за млади „Џифони“ во охрид

Денес во мала сала на општина Охрид ќе се одржи прес конференција по повод меѓународниот филмски фестивал за млади „Џифони“, кој ќе се одржи од 26 – 27.12.2015 во Охрид. На прес конференцијата ќе присуствуваат директорката на „Џифони Македонија“, Елена Величковска, претставник на општина Охрид, Институтот за Филмска уметност и претставник на Агенцијата за филм на Република Македонија.

Дек 24, 2015

Британската кралица Елизабета пие македонски вина

Џенсис Робинсон на нејзината веб-страница посочува дека црвеното вино од бербата од 2011 година е идеален избор за божиќните празници.Британскиот вински гуру Џенсис Робинсон која воедно е и колумнист на реномираниот весник „Фајненшл тајмс“, на својот веб-сајт го издвои виното „Вранец“ на македонската винарија „Стоби“ како главна препорака за Божиќ. Експертката која е и советник за винската визба на кралицата Елизабета Втора посочува дека црвеното вино од бербата од 2011 година е врвен избор за празничната трпеза.- Некои неверојатно добри вина може да се најдат на најмалку очекуваните места….

Дек 24, 2015

Се повлекува Efferalgan сирупот

На барање на производителот Bristol – Myers SQUIBB, Аген, Франција, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) одобри повлекување на лекот  EFFERALGAN орален  раствор 30mg/ml со сериски броеви:  Р1447, Р4737, Р6077, Р9468, R1767 и R3180.Останатите серии не се предмет на повлекување.Доброволното повлекување на овие серии е предложено како мерка на предострожност по откривањето на мали пластични честички (неинфективни) во опремата за пакување на производот (надворешно) од страна на производителот.„Нема простор за паника, бидејќи,  станува збор за доброволно  повлекување на лекот од п…

Дек 22, 2015

Промоција и дегустација на турско кафе во Охрид

Во рамки на соработката на Општина Охрид и Туркиот културен Центар “Јунус Емре” од Скопје  во среда 23.12.2015 година во НУ Центар за култура Григор Прличев-Охрид  во 18 часот, ќе се одржи на “Промоција и дегустација на турско кафе”.Во рамките на овој интересен настан, предвидено е и прикажување на Турскиот филм “Невозвратена љубов” од 20.00 часот. Влезот е слободен!
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top