Фев 8, 2016

Прегрни ја реткоста за Гинис

Националната алијанса за ретки болести на Р. Македонија, заедно со Националната Организација за Ретки Болести Србија и Хрватскиот Сојуз за Ретки Болести, ќе го одбележат Светскиот ден на ретки болести (28ми февруари) преку учество во акцијата „Прегрни ја реткоста! Прегрни за Гинис!“Ретки болести се по дефиниција оние болести кои се јавуваат кај помалку од 5 лица на 10 000 жители. Земајќи го бројот на ретки болести кои постојат во светот (меѓу 6000 и 7000 различни дијагнози) и светските статистики, можеме да заклучиме дека во Македонија над 100 илјади граѓани се соочуваат со некоја ретка бол…

Фев 5, 2016

ЗА СИТЕ КУПУВАЧИ НА СТАН ВО АДОРА ОД 5 ДО 22 ФЕВРУАРИ, ПОДАРОК ПАТУВАЊЕ ВО ВЕНЕЦИЈА

Сите купувачи на нов дом во Адора инженеринг од 5-ти до 22-ри февруари, по повод Денот на вљубените, компанијата ги носи на романтично патување во Венеција, градот на вечната љубов.Петдневното патувањето за двајца со авионски превоз, во еден од најубавите градови во светот, уникатната убавица на вода и илјада мостови, е подарок за сите купувачи кои ќе купат и уплатат стан во новите објекти на овој потврден градежен бренд, Адора Flatiron Скопје и Комплексот Аеродром Скопје. Адора инженеринг, што секогаш нуди повеќе од дом, грижејќи се постојано за своите купувачи со вредни подароци, внимание…

Фев 5, 2016

Нема договор за медиумите

Посредникот Питер Ван Хауте ги повика политичките партии да постигнат што е можно поскоро компромис за регулација на  медумската сфера, ренесува „Телма“.Потребен е вели нов Закон за медиуми кој нема да биде копија на законодаството од друга земја.-Не е добра идејата да се копира од европските земји и да се земаат закони од нив затоа што вие имате различен правен систем, друг устав, друг менталитет. Вашите медиуми не може да се споредуваат со медиумите во другите земји. Затоа ве молам обидете се да го искористите она што го имате и да го подобрите тоа, изјави Питер Ван Хауте – медијатор во п…

Фев 4, 2016

Денес работната група ќе решава за медиумите

Посредникот Питер Ванхауте го доби предлог законот за медиуми од СДСМ. Партијата вчера го достави предлог-решението, за кое дел од новинарските здруженија иако го немаат видено на хартија се изјаснија дека не е прифатливо.Од канцеларијата на посредникот велат дека работната група ќе се состане денеска. Од партиите не сакаа да коментираат за материјалите, но последните ставови им беа дијаметрално различни. На различни позиции се и новинарските здруженија. Тие и по средбата со Премиерот Емил Димитриев опстанаа на истите ставови.

Фев 4, 2016

Смртноста од карцином во Македонија застрашувачка

Од карцином на дојка во земјава годишно умираат 277 жени, од рак на грло на матка – 30 жени.Светскиот ден за борба против карциномот оваа година се спроведува под слоганoт „Сите не засега” и има за цел да промовира позитивен и проактивен пристап во борбата против карциномот, притоа потенцирајќи дека карциномот може да се надмине. Од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) информираат дека годинешната кампања се фокусира на: избор на здрави животни стилови, обезбедување на можности за рано откривање, пристап до лекување за сите и унапредување на квалитетот на жив…

Фев 3, 2016

Серија торнада сеат пустош низ Мисисипи и Алабама

Десетици згради, меѓу кои и станбени објекти се уништени при преминување на торнадо во источниот дел на амриканската сојузна држава Мисисипи и на западниот дел на државата Алабама.На шест места во тие области на двете држави минало торнадо. Засега нема информации за евентуални жртви. Меѓу оштетените згради има училишта, цркви и еден затвор.Властите вршат проценка на причинетата материјална штета.

Фев 3, 2016

„Мобилни даночни шалтери“ на УЈП

„Мобилните даночни шалтери“ се три специјално опремени комбиња кои секој месец ги посетуваат даночниците во населените места каде УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и на локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното населиние и бизниси.Мобилни комбиња опремени како даночни шалтери на Управата за јавни приходни од утре напрво во Лозово во текот на месец февруари ќе бидат достапни за граѓани и даночните обврзници.„Мобилните даночни шалтери“ се три специјално опремени комбиња кои секој месец ги посетуваат даночниците во населените мест…

Фев 2, 2016

Обвинителките разрешени, објаснување нема

Специјалната обвинителка Катица Јанева  причините кои излегоа во јавноста не ги коментира ниту пак кажува зошто се одлучила да го намали тимот и зошто токму овие две обвинителки, пренесува „Телма“.Каква одлука ќе донесе советот и самите обвинители не знаат и не се сигурни по кој закон ќе постапуваат.Во моментов обвинителките се водат како вработени во специјалното јавно обвинителство. Од советот на јавни обвинители се пожалија дека законот за специјално обвинителство и за старото обвинителство во делот за разрешување се косат еден со друг и не се знае по кој закон и како ќе се постапува.Од …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top