Денес ви претставуваме уште една од тајните на Охрид и езерото преку објективот на Ѓоко Симјаноски.Трската, Phragmites australis (Cav.) Trin. ex Steud. (Phragmites communisTRIN.)од Охридското Езеро е значаен претставник на емергентната макрофитска вегетација од Охридското Езеро. Tрската е место каде што се мрестат голем број риби и се гнездат различни видови птици.Трската преставува природен филтер на водата и плус на тоа место има и жив свет. Не само за рибите туку и за патките. Одредени истражувања направени пред повеќе од 25 години покажуваат дека најголеми површини на трска на Охридскот…
Турските власти соопштија дека најмалку 34 луѓе загинале во силната експлозија што вчера вечер се случи во турскиот главен град Анкара. Министерот за здравство Мехмед Муезиноглу изјави дека 125 луѓе биле ранети, од кои дваесетина во критична состојба. Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција станала цел на терористички напади поради нестабилноста во регионот во изминативе години.Тој додаде дека терористичките организации напаѓале цивили бидејќи ја губат битката со безбедносните сили. Експлозијата се случи во Гувенпарк на плоштадот Кизилај, клучен транспортен и трговски центар во…
Американската вселенска агенција НАСА објави дека мај 2018 година е нов датум за лансирање на мисијата која ќе ја проучува внатрешноста на Марс и ќе се обиде да добие увид за тоа како таа и другите карпести планети како Земјата се формирале.Вселенското летало требаше да се лансира овој месец, но НАСА изјави дека се работи на поправка на протекот на вакум во францускиот уред кој ќе се користи за мерење на сеизмичката активност на Марс. Компонентата се реконструира и после двегодишно одложување мисијата сега има одредено датум за слетување во ноември 2018-та година.Уште едно испитување на кое…
Фатен од објективот на Ѓоко Симјаноски во сета своја убавина, денес ви ја претставауваме една од најубавите тајни на Охрид, лебедот.Црвениклуниот лебед за прв пат е забележан на Охридското езеро во 1976 година,в о изминатите три и пол децении бројот на единки од овој вид варира од 20 до 130 .Во 1986 година е забележан првиот гнездов пар на локалитетот Андон Дуков.Заинтересираноста на граѓаните и туристите за овој вид птица е огромна но потребна е поголема едукација и заштита на појасот на трската. Според последните пребројувања направени во 2010 година бројот на гнездовите парови е намален.
Денес ви претставуваме едно од најпосетуваните места во градов , каналот „Студенчишта“. Омиленото место за прошетка на охриѓани и туристите, омилениот пат кој води кон прекрасните Биљанини извори. Патека по која ќе ги сретнете рибарите, место каде одмараат кајчињата и бродовите кои се кријат од гневот на езерото.Место на љубовни шепоти и први детски чекори.
Европската унија и Турција ги утврдија основите на можниот договор за враќање илјадници мигранти во Турција што би бил усвоен на самитот најавен за 17 март. По вчерашните разговори во Брисел, евро лидерите оценија дека предлогот понуден од Турција за враќање на еден илегален мигрант за секој бегалец кој ќе биде прифатен од Европската унија како почеток на, според нивните очекувања, конечен договор во идната недела. „Вистината е дека Турција на самитот дојде со атрактивни предлози и верувам дека многумина беа изненадени“, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас. Германскиот канцелар Ангела Мер…
Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – и од вечерва ќе купуваме поскап бензин и дизел.
Од вечерва ќе купуваме поскапи горива – така одлучи Регулаторната Комисија за Енергетика. Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва малопродажните цени се зголемуваат во просек за 6.02 проценти.
Трансформирано во цени, тоа значи дека од вечерва на полноќ цените на бензините се зголемуваат за 3.00 денари, па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 58.00 денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 60.00 денари. Цената на дизел гор…
Реј Томлисон, американски програмер заслужен за постоење на и-мејл комуникацијата, почина на 74-годишна возраст.
Томлисон починал во саботата од последици на срцев удар.
Во 1971 година американскиот компјутерски програмер ја измисли електронската пошта која може да се испраќа од една во друга мрежа. Неговиот изум вклучува и употреба на симболот @ во и-мејл адресите.
Томлисон го испрати првиот и-мејл додека во Бостон работел како инженер во истражувачка компанија.