До 31-ви март треба да се поднесат барањата за легализација на дивоградби и активно да се искористи продолжениот рок.
Во четврток истекува и рокот за легализација на инфраструктурните објекти, односно закомпаниите што поседуваат оптички, бакарни кабли, водоводи и друга инфраструктура.
Елаборатите, пак, можат да се достават и до крајот на 2017 година. Сепак, за граѓаните кои веќе поднеле барања, рокот за доставување на елаборати е до крајот на годинава
Од Делегацијата на ЕУ во Скопје нема информација дали ќе биде делегиран наследник и кој ќе го следи спроведувањето на Договорот од Пржино.
Посредникот на ЕУ Питер Ванхауте кој во изминативе месеци работеше на усвојување на реформите предвидени со Пржинскиот договор како и на препораките од Извештајот на Прибе, од понеделник ја напушта функцијата.
Петок, 25 март ќе биде последниот работен ден на Ванхауте на функцијата. Нема информација дали ЕУ ќе одреди замена за медијаторот и кој ќе го наследи на позицијата.Во делегацијата на ЕУ во Скопје засега немаат коментар на ова прашање.
Оттаму сам…
Изборот за „Светски автомобил на годината 2016“ заврши во Њујорк, каде што се објавени победниците во пет различни категории.
Победник во изборот за „Светски автомобил на годината 2016“ е новата генерација на Mazda MX-5, победувајќи ги другите два финалисти објавени уште на автосалонот во Женева, Mercedes-Benz GLC и Audi А4. За новата генерација на култниот родстер на Mazda оди уште една награда, а тоа е наградата за најдобар дизајн за 2016 година.
Моделот Audi R8 Coupe кој на автосалонот во Њујорк дебитира со својата отворена верзија ја понесе наградата за автомобил на годината со високи…
Од следната недела новиот македонски игран филм „Џган” ќе почне да се прикажува низ центрите за култура во повеќето градови низ републикава.
Филмот ќе има можност да го погледне и охридската публика.
„Џган” е дебитантскиот игран филм на режисерот Вардан Тозија. Својата премиера филмот ќе ја има на 30-ти март во Градското Кино Милениум во Скопје, а потоа ќе го продолжи својот прикажувачки живот низ кино салите ширум Македонија.
Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Р…
Куќата на Робевци во Охрид се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура во Македонија, која својот највисок развој го достигнува во текот на XIX век. Денес е заштитен споменик на културата под грижа на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид и во неа денес е сместен Археолошкиот музеј, етнолошката поставка, фонд на предмети од семејството Робевци и дела на охридската резбарска школа.Тодор Петков од с. Гари, Дебарско, е мајсторот – градител на куќата на двајцата браќа Робевци, која ја сочинуваат два посебни стана што формираат симб…
Во недела, 30-ти март, ќе започне летното сметање на времето. Стрелките во два часот наутро ќе се поместат за еден час нанапред, што значи дека ќе биде три часот, а граѓаните ќе спијат еден час помалку.
Летното сметање на времето е конвенција преку која што се поместуваат часовниците така што ќе има повеќе дневна светлина,а за сметка на тоа утрата ќе бидат пократки. Овој систем е предложен во 1905-та година од страна на Вилијам Вилет, а прв пат беше широко применет во 1916-та година, како военовременска мерка насочена за заштеда на јагленот.
Денес во Европа е прифатена конвенција летното …
Од сабота па во наредните 10 до 15 дена, 374 анкетари треба теренски да проверат 100 илјади 436 избирачи, пренесува „Телма“.
Одговорите ќе ги бараат лично од лицето кое е предмет на проверка, објаснува ДИК. Ако е отсутно, преку член на семејството или преку соседите, анкетарот ќе најави дека ќе дојде повторно. Доколку и вториот пат биде отсутно, близок роднина треба да ги објасни причините.
Имињата на лицата кои ќе бидат проверувани и нивните адреси ќе бидат познати наредниве денови пред почетокот на теренската проверка. При вкрстената проверка спроведена од експерти и аналитичари ангажир…
По двете експлозии што се случија утринава околу 8 часот на бриселскиот аеродром, уште една експлозија се случи на метро станиците Малбек и Шуман кои се наоѓаат на неколку метри од европските институции.
Властите одлучија да го кренат нивото на тревога на највисокото 4то ниво а во тек е сесија на Советот за безбедност.
Премиерот Шарл Мишел на Твитер напиша дека приоритет е да им се даде нега на жртвите. Тој и министерот за внатрешни работи изјавија дека ќе следат ситуацијата и дека се испитува тезата за терористички напад.
Се уште нема официјална потврда за бројот на жртвите. Според белг…