Мај 4, 2016

Поскап бензин, поскап дизел

Понекогаш збунувачкото движење на цените на нафтените деривати е резултат на сложеноста на механизмот со кој државата ги контролира малопродажните цени на горивата. Од денес македонските граѓани плаќаат 3 денари поскап дизел, а само 0,50 денари повеќе за литар бензин. Со тоа разликата меѓу нивните малопродажните цени се намали за два ипол денари – 62,50 наспроти 47 во споредба со претходните 62 односно 44 денари. Понекогаш збунувачкото движење на цените на бензинот и дизелот е последица на сложената математичка формула според која се пресметуваат максимално дозволените цени на горивата кај…

Апр 27, 2016

30 години од најголемата нуклеарна катастрофа која ја памети човештвото

  Сирени беа пуштни во раните утрински часови за да го одбележат моментот кога првата експлозија го разнесе покривот на зградата на реакторот и фрли облак со радиоактивен материјал во воздухот, пловејќи низ Украина, Русија, Белорусија и северна Европа. Комеморацијата беше одржана после полноќ во градот Славутич, кој беше изграден за да се сместат работниците од катастрофата во Чернобил. Украинскиот претседател Петро Порошенко, подоцна во текот на денот планира да ја посети церемонијата во близина на нуклеарниот реактор. Исто така предвидена е панихида и во црква во Киев. Нивото на радиоа…

Апр 27, 2016

Започнува подобрувањето на системот за наплата на ЕВН

Заради подобрување на квалитетот на услугите кон корисниците, ЕВН Македонија ќе го надгради на постоечкиот систем за наплата. За оваа цел ќе се искористи периодот од 28 април (четврток) од 15:30 до 3-ти мај (вторник) до 07:30, кога фреквенцијата на наплатните пунктови на ЕВН Македонија е намалена поради претстојните велигденски и првомајски празници. Од ЕВН Македонија ги известуваат корисниците, деловни партнери и надворешни соработници дека во овој период не ќе можат да ги користат електронските услуги на ЕВН, како електронското плаќање на сметките и сите други информации од центарот за …

Апр 26, 2016

16 медали за „Хваранг ИТФ“

На турнирот кој се одржа во саботата учествуваа клубови од 10 земји: Република Македонија, Чешка, Словенија, Молдавија, Романија, Узбекистан, Србија, Унгарија, Полска и Словачка. – На овај турнир охридските спортисти, под водство на Марјанчо Лазаревски и Зоран Донев, ја збогатија нашата држава со 16 медали, од кои 6 златни, 5 сребрени и 5 бронзени. Членовите на нашиот клуб учествуваа во 3 дисциплини: форми, спаринг поединечно и спаринг екипно и деца 12-13 години, велат од клубот. Резултати форми: – Миле Климоски – злато– Давид Крстески – бронза– Јане Димов – бронза Спаринg (борби) поеди…

Сеп 2, 2021

Цеца Ражнатовиќ нов член на жирито на Ѕвездите на Гранд

Цеца Ражнатовиќ е нов член на жирито на Ѕвездите на Гранд, додека Јелена Карлеуша повеќе нема да биде дел од ова натпреварување. Соопштението на Гранд продукцијата го пренесуваме во целост. „Новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ започнува на 18 септември, а учесниците и гледачите ќе имаат големо изненадување на самиот почеток – нов член на жирито ќе биде Светлана Цеца Ражнатовиќ! Сигурни сме дека одличната музичка кариера, искуството и знаењето на Цеца ќе биде ветер во грб на учесниците во оваа конкурентна шоу програма. Нејзиното присуство во жирито ќе донесе нова енергија во која ќе ужива…

Апр 25, 2016

Тајните на Охрид: Св. Никола – Долна „Влашка маала“

Охрид некогаш бил познат како градот со 365 цркви. Тие се неодминливите негови тајни и убавини. Денес преку објективот на Ѓоко Симјаноски ви претставуваме една од нив, црквата Св. Никола во Долна „Влашка маала“. Света Никола е македонска православна црква која се наоѓа во Охрид, на улицата Партизанска и Спас Банџов, во Долна Влашка Маала близу Охридати. Според преданието кога Џеладин бег го запалил Моско Поле поголем дел од влашкото население се доселило во Охрид и ја подигнало оваа црква. Според натписот на грчки јазик кој стои над влезната врата во црквата, таа е изградена во 1863 годин…

Апр 25, 2016

Oд денес започнува Страсната седмица за православните христијани

Тоа е Неделата на страдањата – последната од животот на Исус Христос. Според православниот календар секој ден од оваа недела е Велики. Последната недела на Великиот пост црквата го нарекува Страсната седмица, бидејќи таа е посветена на оплакувањето на последните денови од земниот живот на Спасителот Господ Исус Христос – неговите страдања, распнувањето и крстот, смртта и погребение. Почнува со свеченото влегување во Ерусалим и завршува со неговото Воскресение. Секој ден од оваа недела се нарекува Велики – Велики понеделник, Велики вторник и така натаму. Таа е последната од Велигденскиот п…

Апр 25, 2016

Велигденски производи од детските раце

Неуморните волонтери на Црвен крст Охрид и вредните рачиња на децата со посебни способности од Охрид, децата од социјално загрозени семејства и децата од згрижувачки семејства, волонтерите од оригами клубот, на креативни работилници организирани овој викенд во Црвен крст Охрид, изработуваа декоративни, украсни предмети наменети за хуманитарни продажни изложби кои во текот на деновите пред и после велигденските празници ќе бидат организирани на јавни места во нашиот град. Целта е да се соберат средства за помош на ранливите категории. Ги покануваме сите наши сограѓани, во празничните денови…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top