Мај 12, 2016

Хајндл доаѓа во Скопје

Германската амбасада во Скопје соопшти дека германскиот специјален претставник за Македонија Јоханес Хајндл денеска и утре во Скопје ќе разговара со претставници на четирите партии, потписнички на Пржинскиот догово, Пренесува „Радио слободна Европа“. Во соопштението се наведува дека Хајндл ќе има средби и со амбасадорот на САД Џес Бејли и со другите амбасадори од земјите на ЕУ. Претходно, министерот за надворешни работи Никола Попоски, посетата на Хајндл ја оцени како позитивен сигнал од Берлин. „Се работи за позитивен сигнал со самиот факт што Германија покажува интерес дека сака да биде…

Мај 12, 2016

За избори ќе се „трча“, ама дали избори ќе има?

ВМРО ДПМНЕ одлучи да учествува на изборите распишани за 5-ти јуни, пренесува „Телма“. До крајот на рокот што истекува вечерва на полноќ, партијата ќе поднесе кандидатски листи во ДИК. Портпаролот Иво Котевски појасни дека ваква одлука е донесена уште синоќа на седниците на Централниот и на Извршниот комитет. Колку партии и се  придружија на ВМРО ДПМНЕ во предизборната коалиција, кои се носителите на листи и кои се кандидатите за пратеници ќе биде соопштено по пријавувањето во Државната изборна комисија, веројатно доцна вечерва. Другите три партии од лидерската четворка не учествуваат на и…

Мај 12, 2016

Отворен Канскиот филмски фестивал

„Да живее филмот, да живее Кан, да живеат жените“, извикнаа францускиот актер Винсен Линдон и неговата американска колешка Џесика Частејн отворајќи го во средата вечерта 69-то издание на филмскиот фестивал во Кан, кој според програмата и учесниците е најголемиот собир во филмскиот свет, а годинава се одржува под силно полициско обезбедување. Пред отворањето на фестивалот бројни ѕвезди продефилираа на црвениот тепих, меѓу кои Сузан Сарандон, Џулијан Мур, Ева Лонгорија и Викторија Бекам, а на славното шеталиште Кроазет се очекуваат и други ѕвезди како Адам Драјвер, Кристен Стјуарт, Винсен Ка…

Мај 11, 2016

„The Prodigy“ во Август во Охрид

Eден од највозбудливите и најатрактивни лајв бендови во светската музичка индустрија на сите времиња, The Prodigy за прв пат ќе има свој open air концерт во Македонија, на 14-ти август, на на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. На првото издание на Ohrid Calling oчекуваме Охрид да биде „нападнат“ од околу 15 илјади посетители од Македонија и од регионот, на настапот на навистина еден најомилените бендови на македонската публика на сите времиња. The Prodigy доаѓаат во Македонија во зенитот на својата кариера, кога тие се огромен скоро стадионски бенд, хедлајнери на речиси сите европски …

Мај 10, 2016

Месечината ни „бега“

Месечината се оддалечува од Земјата. Сега е околу 18 пати подалеку од нас, отколку кога била формирана пред 4,5 милијарди годин, пишува порталот „eNauka“. Без Месечината, планетата Земја би била непрепознатлива. Морињата едвај би имале плима, деновите би имале различна должина, зимите би биле постудени, летата потопли, животните би изумреле поради екстремните услови, а најверојатно и луѓето, бидејќи некои научници сметаат дека Месечината има клучно значење за почетокот на животот. Зошто се оддалечува?Месечината, всушност се движи поради Земјата. Триењето на површината на Земјата и огромна…

Мај 10, 2016

И македонците ги има во „Panama papers“

  На интернет страницата на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи, каде станаа достапни материјалите наречени „Панамските документи„, од Македонија се појавија три лица: Роланд Златку, Слободан Спасовски и Александар Пановски, пренесува „еМагазин“. Според податоците на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи, Пановски се поврзува со компанијата „Ориент Оил и Гас Лимитед“, која е регистрирана на адреса на Британските Девствени Острови. Спасовски се поврзува со компанијата „Фисн Дел Лимитед“, регистрирана на Сејшелските острови, а Роланд Златку се поврзува со компанијата…

Мај 10, 2016

Тетарската претстава „Парламентарки“ повторно овој четврток

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид/ Народен театар Охрид информира дека овој четврток сите љубители на театарот ќе може да уживаат во репризата на театарската претстава- “ПАРЛАМЕНТАРКИ”. Почеток на претставата е во 20.00 часот, влезницата ќе ве чини 150 денари.Препорачана возраст: +15 РЕЖИЈА НЕНАД ВИТАНОВДРАМАТУРГ САШО ДИМОСКИСЦЕНОГРАФИЈА ФИЛИП ВИТАНОВКОСТИМОГРАФИЈА КАТЕРИНА ЧУКНИЕВАМУЗИЧКИ СОРАБОТНИК МАРИЈА НЕДАНОВАШМИНКА И ФРИЗУРА ДИМЕ БЛАЖЕСКИИНСПИЦИЕНТ ФИЛИП АНГЕЛИЧИН – ЖУРА Драмската предлошка за текстот „Парламентарки“ лежи во Аристофановата комедија „Жени во Народното соб…

Мај 9, 2016

Синот на возачот на автобуси, сега е градоначалник на Лондон

Садик Кан стана првиот муслимански градоначалник на Лондон, кој е всушност, Садик Кан? Скромни почетоци  Кан (45) бил роден на југот од Лондон. Неговиот татко од Пакистан бил возач на автобус, а неговата мајка била шивачка. Тој пораснал со седум браќа и сестри. Кан за време на изборната кампања изјавил дека се кандидирал за градоначалник бидејќи сакал „сите лондончани да ги имаат можностите кои градот ми ги даде мене“. Адвокат за човекови права  Кан студирал право на универзитет во Лондон и работел како адвокат за човекови права повеќе од една деценија. Тој станал најмлад советник во Ло…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top