Сите љуубители на современата филмска уметност ќе имаат можност да уживаат во ревијата современи германски филмови и во Охрид. Во организација на амбасадата на Сојузна Република Германија, ПроКредит Банка и Центарот за култура „Григор Прличев”, на 15-ти октомври, во 20 часот во охридскиот Центар за култура ќе биде отворен 12-от Фестивал на новиот германски филм.
Фестивалот ќе биде отворен со трагикомедијата „Мед во главата” од Тил Швајгер. Охридската публика ќе има можност да ги проследи и филмовите: „За една девојка“ (комедија драма), „Државата против Фриц Бауер“(историја-драма), детскиот…
По подолго боледување, во Германија почина фолк пејачот Васил Атанасов, а веста за неговата смрт ја споделија пријателите, кои преку Фејсбук се простуваат од него.
Атанасов потекнува од струмичкото село Дабиле. По завршувањето на средното музичко училиште во Штип беше член на повеќе музички групи. Во меѓувреме работел и како наставник по музичко во повеќе училишта, а неговите ученици го паметат како „распеаниот наставник“. Тој редовно настапуваше на музичкиот фестивал за народна музика Фолк фест Валандово, а во 1993 година со песната „Кој нѐ раздели“ доби втора награда од публиката. Песн…
После успешното поставување на претставата „Парламентарки“ од која собраните средства беа наменети за помош на настраданите од поплавените подрачја, во петок во Охрид за слична цел Македонската Опера и Балет гостува со претставата „Рита“.
Продолжуваат општествено одговорните активности на Центарот за култура „Григор Прличев“. После поставувањето на претставата „Парламентарки“, од која собраните беа донирани за помош на загрозените семејства од подрачјето зафатено од големата поплава што на почетокот од август се случи во скопскиот регион, во петок за слична цел Македонската Опера и Балет г…
Актерот Зоран Љутков и тенорот Ѓорѓи Цуцковски се нови уметнички селектори за драмскиот и за музичкиот дел на фестивалот. Новите селектори најавуваат оти со директорот Оливер Арсовски годинава ќе ја соопштат програмата на почетокот на годината.
Двајцата уметници доаѓаат на местото на Гордана Јосифова – Неделковска и на Ѓорѓи Јолевски, кои 10 години ја правеа програмата на најголемата музичко сценска манифестација во Македонија. Селекторот на драмската програма Зоран Љутков е вработен актер во Драмскиот театар, а оваа година му завршува мандатот како директор на Фестивалот на античка драма …
Во организација на Македонскиот олимписки комитет а во соработка со Националните спортски федерации и Општина Охрид Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, д-р Васил Тупурковски, денес ја отвори „Олимписката обука за напреден спортски менаџмент на спортската администрација на Република Македонија“.
Континуираниот развој на спортот, менаџерското водење на екипите и начинот на водењето на спортот се само некои од темите на кои беа опфатени на семинарот кој денес се одржа во Охрид насловен како „Олимписката обука за напреден спортски менаџмент на спортската администрација на Републик…
Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид наредниот петок 30.09 ќе биде поставена комичната опера „РИТА“ на Гаетано Доницети, Станува збор за хуманитарна претстава, за загрозените од поплавените подрачја. Почетокна претставата е во 20.00 часот, влез 150 денари, голема сала, а картите се во продажба на билетарата на Центарот.
Комична опера во еден чин по либрето на Густаво Ваез. Првата изведбата на операта е во Париз 07.05.1860, под работен наслов „Двајца мажи и една жена“ Диригент на претставата е Ѓургица Дашиќ.
Режисер: Трајко ЈордановскиСценограф/Костимограф: Марија ВетеровскаКонце…
НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид во соработка со Македонски Народен Театар Ве покануваат на охридска премиера на “ПРЕКИНАТА ОДИСЕЈА” – режисер Јацек Гломб , Драматург Роберт Урбањски , во ПОНЕДЕЛНИК 26.09.2016 година, почеток 20.00 часот, ВЛЕЗ 150 денари.
Претставата же бие поставена на сцената во големата сала, карти во продажба на билетарата на Центарот за култура.
УЛОГИ ВО ПРВИОТ ДЕЛ:Портирот – Рафал ЦјелухВјера, снимател – Габриела ФабјанВлаѓо, оператор на проектор – Бартош БуландаИренка, учителка – Анита ПодендњакЈоасја, учителка – Зуза МоторњукХонората, готвачка – Малгожа…
По повод Европската недела на мобилност која оваа година се одржува под мотото „Паметна и одржлива мобилност-влог за Европа“,Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид, 22-ри септември (четврток) го прогласи за Ден без автомобили.
Општина Охрид која и годинава е дел од мрежата на европски градови кои ја одбележуваат Европската недела на мобилност, активностите ќе ги започне во 11 и 30 часот со собирање на учесниците пред зградата на општина Охрид каде ќе настапи хорот при ОУ „Братство-единство“, а потоа ќе се обрати градоначалникот д-р. Никола Бакрачески…