Ериксон не е сопственик на опремата, ниту оперира со опремата за Законско Пресретнување на комуникациите, се вели во официјалното соопштение од компанијата, пренесува: „Макфакс“.
„Законското пресретнување на комуникации е задолжителна и стандардна функционалност во мрежите на јавната телефонија и телеком операторите и земјите во светот се обврзани да овозможат таква функционалност за локалните власти. Ериксон, како производител на телефонски системи и опрема, исто така, е производител на Системи за Законско Пресретнување“, пишува во соопштението.
Ериксон потврди дека на 19-ти октомври 201…
Во седмата рунда од Супер лигата Гладијаторите ќе се обидат да ја задржат добрата серија, но ќе се соочат со незгоден противник. Поддршката на публиката е секогаш еден од најважните фактори за успех.
Охридските ракометари покажаа дека поседуваат капацитет да се носат со најдобрите. Оваа сабота на домашен терен во спортската сала „Биљанини извори“ со почеток во 18 и 30 часот, за противник ја имаат ракометната екипа на Прилеп. Голманот, Благојче Трајкоски, истакна дека напорната работа и вербата во себе веќе дојдоа до израз.
„Не се случајни тие добри резултати со тој несреќен пораз со „Рабо…
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева од вчера со судски наредби води истрага во Управата за безбедност и контраразузнавање, пренесува „Makfax“.
„Влеговме во УБК, во наредбите стои дека треба да ги преземеме сите ПИМ кои се доставени од страна на судовите, решенијата за ПИМ мерки од 2008 до 2015 година и сите разговори кои ги имаат снимено во тој период.
Сѐ уште работиме на тоа, соработката оди тешко, директорот на УБК одбива да постапи, во исто време постојано е присутен, не знам по кој основ, господинот Чавков. Други полициски службеници доаѓаат и излегуваат, не можеме да знаеме…
Ноќеска Хилари Клинтон и Доналд Трамп ќе ја имаат последната, трета претседателска дебата, што ќе се одржи на Универзитетот на Невада, во Лас Вегас.
Темите на дебатата овој пат ќе бидат обврските и правата во САД; имиграцијата; економијата; Врховниот суд; меѓународните кризни жаришта; квалификуваноста на кандидатите.
Врховниот суд е особено важна тема за Републиканската партија, зашто новиот претседател на државата ќе има право да номинира судија кој ќе го заземе местото на минатата година починатиот конзервативец Антонин Скалија.
Ако стане претседател Клинтон, од нејзиниот избор/номинац…
Богатата збирка na плакати која Полската амбасада во РМ ја донесе, во земјава достапна и за охридската уметничка публика. Во наредниве неколку денови во спомен куќата на Христо Узунов, изложени се делата на најистакнатите полски автори на плакатот од таканаречените Златни години од 1950 година до денес. Со децении, ниту еден јавен настан, филм, фестивал, концерт,театарска престава не е презентиран без присуство на плакат. Со инвенцијата на тробојната литографски процес во 1880 година од страна на францускиот графичар Џулс Шерет плакатот на крајот од 19 век во Европа станува уметност на голе…
Книжевниот критичар Френк Кермод ги вознемири духовите кога во шеесеттите години го спореди Дилан со Китс и Вордсворт. Пол Вилијамс го опиша делото на Дилан како „голема уметност“.
Леонард Коен во 1995 година изјави дека е Дилан „Пикасо на песната“, за во 1998 во интервју за Мјузишн магазин повторно да го спореди со Пикасо по „бујноста, опсегот и асимилирањето на целата историја на музиката“.
Тврдењето дека Дилан е голем поет на својата генерација поттикна жолчна расправа во која се вклучија и критичарите и претставниците на академскиот свет. Меѓу вториве имаше многумина кои таквиот став …
Денешната посета на еврокомесарот за проширување и добрососедска политика на ЕУ Јоханес Хан започна со средба со граѓанскиот сектор, а потоа се сретна и со премиерот Емил Димитриев и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, лидерот на ДПА Мендух Тачи и лидерот на ДУИ, Али Ахмет, пренесува „Нова Македонија“.
Граѓанските организации истакнаа потреба од формирање на нов Судски совет и независно судство. Хан преку објава на социјалната мрежа „Твитер“ им се заблагодари за нивната посветеност и за значајните придонеси.
По средбата со Димитриев, тој напиша дека побарал сите услови од Пржинс…
Преку значајна изложба на накит насловена „Накитот низ вековите од Република Македонија“, ќе биде претставено нашето археолошко богатство пред светската јавност во Њујорк, во соработка со Gallery MC во периодот од 13 – 31 октомври. Ќе бидат претставени 68 музејски копии кои што се пронајдени како археолошко богатство во археолошките ископувања во изминатите 70 години на тлото на Република Македонија.
Меѓу последните активности во Охрид, беше археолошкото истражување на локалитетот Горна порта и на Самоиловата тврдина, каде беа откриени 85 гроба, од кои 12 датираат од македонско-хеленистичк…