Дек 26, 2016

Почина поп ѕвездата Џорџ Мајкл

Џорџ Мајкл (роден како Георгиос Кириакос Панајоту 25 Јуни 1963 – 25 декември 2016) — британски музичар, пејач, текстописец и продуцент за снимање кој се издигна помеѓу славните во 1980-тите кога го оформи поп-дуото “Wham!” (Вем!) со неговиот средношколски другар Ендру Ридгелеј. Неговата прва соло песна “Careless Whisper” (Безгрижен Шепот) излезе додека тој се уште беше дел од дуото, и продаде околу шест милиони копии низ цел свет. Како еден од најпродаваните светски музичари, Мајкл има продадено повеќе од сто милиони албуми низ целиот свет до 2010 година. Неговиот прв соло албумод 1987 год…

Дек 23, 2016

Отворена ретроспективната изложба на делата на охридскиот сликар Вангел Наумовски

На изложбата се изложени речиси стотина дела од сите творечки фази на Вангел Наумовски. Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски се поврзани повеќе епитети – тој кај нас и во светот е секогаш претставуван како уникатен пример на сликар на чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста на космосот, на задоволството, жената и љубовта… Неговите поетски слики со виртуозен потег го доловуваат светот на границата помеѓу сонот и јавето, меѓу земјата и космосот, царствата на растенијата и цвеќето, убавините на охридските нимфи. Волшебните светови на соништата на Наумовски се раѓа…

Дек 21, 2016

Пристигна „INFINITY“

Деновиве во Порта Македонија беше промовиран првиот македонски бесплатен лајфстајл магазин – INFINITY. “Пред 24 години го издадовме првото македонско списание за тинејџери ТАА, пред 20 години излезе списанието за жени КОМПЛЕТНА, потоа следуваа ТOJ машки свет, па МОЈ ДОМ….сите во издание на издавачката куќа НАМПРЕС. Денес сите тие списанија прераснаа во ново, бесплатно списание. INFINITY е списание со бесконечна понуда, бесконечни можности, бесконечна инспирација и содржини за целото семејство,” вели Ангела Крстевска, директор на НАМПРЕС. Ексклузивни интервјуа, едиторијали, мода, козмети…

Дек 19, 2016

Балканот погоден од серија земјотреси

Викендов разорен земјотрес го потресе светот, ова понеделничко утро многу потреси, како и во текот на целиот викенд. Утрово има земјотреси во Турција, во Италија, а се стресе и Босна со јачина од 2,4 степени според Рихтер. Се стресе и Албанија со јачина од 4,2 степени според Рихтер. Се стресе и Грција, а овој земјотрес бил со јачина од 2,3 степени според Рихтер. Викендов се случи и разорен земјотрес во Нова Гвинеја од 8 степени по Рихтер.

Дек 16, 2016

Македонија, медиумите и парите

Македонија се најде на четвртото место на скалилото за присуство на клиентелизам во медиумите во регионот, покажуваат резултатите од второто емпириско мерење на Индексот на клиентелизам во медиумите во Македонија, спроведено и во Романија, во Босна и Херцеговина, во Хрватска, во Србија и во Црна Гора, пренесува „Макфакс“. Индексот покажува дека регионот го предводи Хрватска, а на дното е Босна и Херцеговина. Во споредба со минатата година, Индексот бележи значаен пад во сите набљудувани земји, како и промена на рангирањето на земјите. Пред сè, земјите бележат пад во достапност и квалитет …

Дек 14, 2016

Американската амбасада не се меша во работата на ДИК

Американскиот амбасадор не се сретнал или интервенирал кај никого од ДИК, ниту пак ја посетил Комисијата, информира Американската амбасада во Скопје. Во нивното соопштение се наведува дека со загриженост ги следат неточните информации дека американскиот амбасадор се меша во работата на Државната изборна комисија. „Ова не е време за лажни вести или заговори“, се наведува во соопштението од амбасадата. Американската амбасада наведува дека САД ги поддржуваат правата на граѓаните на Македонија за демократски процеси кои се отворени, транспарентни и одговорни. Ова вклучува право на жалби и пр…

Дек 13, 2016

Првичните резултати на ДИК велат, победник на изборите е ВМРО-ДПМНЕ

ДИК ги соопшти првичните резултати од предвремените парламентарни избори, според кои победник е владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која освои 51 мандати, два повеќе од опозицискиот СДСМ. Кај албанските партии победник е ДУИ со 10 пратенички места, пренесува „РС Еверопа“. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ со освоен 51 пратенички мандат е победник на вчерашните предвремени парламентарни избори, а опозицискиот СДСМ освои 2 помалку, односно 49 пратенички места, според првичните резултати на ДИК. На изборите имало излезност од 66,82 проценти. ВМРО-ДПМНЕ освои 453.490 гласови, додека СДСМ освои 436.604. Ос…

Дек 7, 2016

ОУТУ „Ванчо Питошески“, домаќин на државниот натпревар „ЛИДЕР“

Охрид денес домаќин во презентација на знаењата во угостителството и туризмот. Се одржа третиот по ред државен натпревар „Лидер“, кој е во органиација на Центарот за стручно образование и обука, а пот патронат на Министерството за образование и наука на РМ. на натпреварот учествуваа и ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“, кои воедно и беа домаќини на овој интересен настан. „Нескромно можеби да го пофалам дека навистина организацијата е одлична и засега натпреварот тече извонредно“ вели Чедо Димовски советник – Центар за стручно образование и обука. Денес ученици од осум стручни угостителски …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top